1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пречки во преговорите за иранската атомска програма

Преговорите со Иран околу неговата атомска програма траат подолго од предвиденото. Франција и Велика Британија ги сузбиваат очекувањата од постигнување договор во Женева. Западот е незадоволен кај одреден број прашања.

На почетокот на третиот ден од разговорите во Женева околу иранската атомска програма францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус (на фотографијата) постави ограда од преголеми очекувања:

„Постои првичен текст, кого ние не го прифаќаме“, изјав итој за радиото „Франс интер“. Сѐ уште не постои никаква гаранција дека на крајот на преговорите меѓу групата 5+1 и Иран ќе биде постигнат договор околу спорните теми.

Фабиус укажа дека постојат тематски области како атомската централа Арак или збогатувањето на ураниум, кои не се разјаснети. Освен тоа сериозно мора да се сфатат грижите на Израел и на другите земји во регионот.

Доколку спорните точки не бидат испеглани, нема ни да има договор, истакна Фабиус.

Во Женева покрај Фабиус, присуствуваат и колегите од Берлин и Лондон, Гидо Вестервеле и Вилијам Хејг. Денеска американскиот државен секретар Џон Кери се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, по што двајцата разговараа со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Во преговорите во Женева денеска се вклучија и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како и кинескиот министер Ванг Ји. Атомските преговори се водат во голема рунда. Посматрачите оценуваа дека ова е знак дека е можен компромис меѓу Иран и 5+1 групата на петте вето сили на Советот за безбедност на ОН и Германија.

Меѓутоа и иранската страна предупредува од преголема еуфорија. Иранскиот вицеминистер за надворешни работи Абас Арагчи оцени дека средбата меѓу Кери и Зариф вчеравечер била конструктивна. Двете страни ги очекува уште многу работа. Пробив е можно да се постигне, но сѐ уште е под знак прашање.

Планиран е писмен договор, со кој би требало да му се стави крај на десетгодишниот атомски спор. Иако сѐ уште не се познати детали, дипломатите сметаат дека Иран како противмерка за олабавување на економските санкции ќе прекине со делови од програмата на збогатување на ураниум.

Обама телефонираше со Нетанјаху

Предупредувањата од Израел, дека Иран ќе добие „Договор на столетието“, Вашингтон ги отфрли како неосновани и избрзани. Американскиот претседател Барак Обама вчера телефонираше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанхјхау, за да го информира за текот на разговорите во Женева, соопшти Белата куќа во Вашингтон. Обама го уверил Нетанјаху дека тој бил одлучен да спречи Иран да стекне атомско оружје. Нетанјаху претходно изрази длабока недоверба кон иранските намери.