1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прехранбената индустрија во криза - увозот расте, извозот паѓа

Македонија увезува двојно повеќе храна од она што го извезува. Во земјата која се декларира како земјоделска, наместо да расте, извозот на храна е во обратен, надолен тренд.

Загуби, намален извоз, зголемени залихи, неликвидност во работењето - ова се клучните проблеми кои со години го кочат развојот на македонскиот прехранбен сектор. Иако се исплаќаат милионски субвенции за земјоделците, увозот на храна е речиси двојно поголем од извозот. Само лани била увезена храна за фантастични 672 милиони долари, што е за 20% повеќе од претходната година, а трговскиот дефицит е речиси 300 милиони. Дополнително загрижува податокот што и извозот на овошје и зеленчук во првиот квартал е намален за 31,4%. Истовремено, расте увозот на месо и преработки од месо. Се извезува главно евтина суровина, а се увезуваат скапи преработки.

Се бега од големите купувачи зашто не може да се произведе толкаво количество храна

Македонските производители велат дека можат да произведат повеќе, но им недостигаат обртни средства:

Tomatoland sind Gewächshäuser in die Nahe von dem Stadt Sveti Nikole

Како да се произведе повеќе?

„Како конзервна индустрија во Македонија можеме секоја година да растеме најмалку по 30% и да можеме после неколку години да бидеме подготвени да снабдуваме големи купувачи да кажеме во Германија како што е еден Реве, Лидл. Ние од големите наши купувачи бегаме не затоа што немаме добри цени, туку затоа што не можеме да одговориме со количества. Проблем е како да се произведе повеќе, тоа е врзано и со земјоделството. Значи сега земјоделците имаат субвенции, имаат дури два денари субвенција од предаден килограм пиперка во конзервна индустрија. Со тие субвенции и другите кои им ги дава државата тие имаат интерес да произведат повеќе, но и тие како и ние немаат доволно средства за да го финансираат производството“, изјави за Дојче Веле Момчило Ивановски, сопственик на фабриката Бонум, една од 50-ината конзервни фабрики кои главно работат за извоз.

Субвенциите помагаат за да се одржи нивото на производство

Големо влијание за овој негативен тренд имаат и ниските откупни цени на земјоделските производи. Субвенциите што во последните шест години изнесуваат 350 милиони евра и понатаму служат само за задржување на нивото на производство:

Mazedonien Saisonarbeiter bei Basino selo

„Последниве години во земјоделството имаше многу ниски откупни цени што не даваше можност за негов развој. Со застарена механизација кај индивидуалниот сектор и неможноста за набавка на нова тоа придонесе да не може да се развие производството. Овие неколку години со субвенциите со помош на Владата производството не се зголеми, но доколку не беа тие, тогаш тоа сигурно ќе се намалеше. Мислам дека цените од минатите години не даваа можност за развој на земјоделството и тоа имаше длабоко влијание врз нашето производство кое е далеку од она што треба да биде. Мислам дека во

Ernährungsindustrie gegen Verwendung von Klonfleisch

Македонија има огромен суфицит во увозот на месо

наредните години со вакви стимулации има можност за развој на земјоделството за поголеми приноси, со една посовремена механизација која би ја обезбедиле индивидуалните земјоделци за секако ова производство се зголеми и да е поконкурентно на пазарот.“, изјави за Дојче Веле Драги Петровски, директорот на ЗИК Пелагонија.

Дополнителни проблеми за производителите предизвикуваат и температурите, кои според проценките ќе ги намалат приносите за над 20%. Статистиката покажува дека во првиот квартал годинава, освен кај овошјето и зеленчукот, Македонија има огромен суфицит во увозот на месо и преработки од месо, млечни производи и јајца, жита, шеќер, кафе, чај, добиточна храна.