1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Претстои средба на Македонската- со Грчката православна црква

*

Најрано наредниот месец делегација на МПЦ ќе патува во Атина на средба со претставници на ГПЦ. Притоа, според портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, ќе се разговара за сите отворени прашања, иако македонските владици не очекуваат големи промени во односите на двете Цркви поради политичките димензии на спорот.

До средбата доаѓа на предлог од МПЦ, што беше прифатен во Атина. По Цариград и Москва, Атинската архиепископија е третата дестинација во која МПЦ лобира за решавање на спорот со Српската православна црква.