1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претстои ли свртување на десно во Израел?

Израелците избираат нов состав на Кнесетот. Најголеми шанси за премиер има десничарскиот националист Бенјамин Нетанјаху од опозициската Ликуд-партија. Се очекува подем на ултрадесничарите и пад на социјалдемократите.

default

Кој ќе застане на чело на новиот владин кабинет?

Сите анкети му предвидуваат комотна победа на парламентарните избори на Бенјамин Нетанјхау, 59-годишен водач на националистичката партија Ликуд. Дури во последните денови се намали разликата во однос на досега владејачката партија Кадима, предводена од Ципи Ливни, се’ уште актуелен министер за надворешни работи. Станува и се’ појасно дека на Ликуд, како впрочем и на сите други партии, гласови ќе им одземе ултранационалистичката партија Израел Беитену („Израел е наш дом“), на спорниот политичар Авигдор Либерман.

Nahost Wahlen Benjamin Netanjahu Israel Wahlkampfveranstaltung der Likud

Ќе се врати ли на премиерската фотеља? Бенјамин Нетанјаху, шеф на Ликуд

Нетанјаху останува уверен дека ќе освои најмногу гласови, а со тоа и налог да формира влада, но од неговото лице можеше да се прочита и колку му е непријатна помислата дека не ќе може да излезе на крај без конкурентот од десно. Партијата на Либерман е на најдобар пат да напредува во трета политичка сила во земјата.

Погрешна калкулација на Барак со војната во Газа

Досега тоа место го заземаше социјалдемократската Работничка партија на министерот за одбрана Ехуд Барак, сонувајќи за враќање на минатите времиња, во кои речиси автоматски го даваше премиерот - или барем беше рамо до рамо со десничарските конкуренти од Ликуд. Од последните анкети е јасно дека падот на Работничката партија е речиси незадржлив. Барак во последно време се надеваше дека ќе и’ донесе нов подем на партијата, која стана неатрактивна, и себе си, со тоа што се обиде да се профилира како министер за одбрана со војната во Газа.

Steinmeier auf Nahost Reise Treffen mit Barak

Шефот на Лабуристите, Ехуд Барак (десно) со шефот на германската дипломатија Штајнмајер

Но, таа се покажа во секој поглед катастрофална - не само за жителите на појасот, туку и за оние во Израел. Се разбира, и натаму има подршка за војната, но расте и незадоволството од уште една војна без решение и без јасен резултат.

Безбедноста - централна тема за сите

А таквото чувство му е од полза на десничарскиот табор во Израел, на Нетанјаху и посебно на Либерман. Тој табор, навистина, нема да понуди никакви уверливи алтернативи; неговиот екстремен став кон Палестинците побргу е гаранција за тоа, дека ќе нема мировно решение. Но, се чини дека се’ поголем број Израелци стануваат рамнодушни во однос на прашањето за мирот. Тие сметаат дека мирот не е веројатен и полагаат врз наводна безбедност која може да биде постигната само со острина и непопустливост, а не со преговори и отстапки.

Nahost Wahlen Tzipi Livni Isreael Wahlkampfveranstaltung der Kadima

Ќе стане ли премиер? Актуелната шефица на дипломатијата Ципи Ливни од партијата Кадима

Се чини дека обзирот кон ваквите чувства станува приоритет и кај партијата Кадима. Премиерот Олмерт и министерот за надворешни работи Ливни порано се натпреваруваа кој од нив следи подобра мировна политика, додека сега побргу си конкурираат со тоа, кој од нив може на Израел да му гарантира безбедност. Дури во последен момент Олмерт се покажа подготвен јавно да ја поддржи Ливни. Како осомничен за корупција, тој нема да настапи на изборите, но се надева на враќање наредниот пат.

Мирот веќе „не е во мода“ во Израел

Само, неизвесно е дали тогаш ќе ја има Кадима. Партијата настана со отцепување од Ликуд во 2005, кога тогашниот премиер Ариел Шарон нареди повлекување од Газа. Тогашните разлики во мислењата одамна загубија од значењето и по овие избори можно е да се трасира помирување меѓу Ликуд и Кадима, макар и само за да се држи настрана од власта радикалната група на Либерман. Се чини дека и шефот на Работничката партија Ехуд Барак се’ повеќе се занимава со тоа, да го обезбеди своето останување во владата, и како да е подготвен на било каква коалиција; главно е тој да остане министер.

Израелскиот политички пејсаж одамна се дели на лев и десен политички табор, при што обата својот избирачки резервоар го гледаат пред се’ во центарот. Во последно време изгледа дека сликата се поместува во полза на десниот табор. Во растечката апатија, се чини дека Израелците се подготвени и да го прифатат тоа. При сево ова, за мир никој воопшто ни не зборува.