1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Претставникот на осигурителна компанија Себастијан Герик од Мајнц

Претставниците на осигурителни компании честопати имаат посебен статус - потребни се, а имаат лош имиџ. Себастијан Герик е еден од оние што достојно ја претставуваат својата професија.

default

Себастијан Герик од Рајнланд-Пфалц работи во осигурителната бранша. Тој нуди финансиски производи и продава осигурителни полиси. Како адвокат, тој најмногу ја вреднува правната страна на трансакцијата. Еден негов обичен работен ден почнува со проверка на електронската пошта и набљудување на трендовите на меѓународните финансиски пазари. Неговиот работен ден е поделен: наутро Герик се подготвува за разговорите со клиентите, а попладне ги посетува.

Претставник на осигурително друштво кој умее да слуша

Себастијан Герик работел напорно за да ја заслужи довербата на своите клиенти. „Тие не ги купуваат само моите продукти и толку, туку остануваме во контакт. Моите клиенти доаѓаат кај мене и ме прашуваат за совет доколку имаат некој проблем или некое прашање. Овие

Gesichter Deutschlands SeGe

Како адвокат најмногу ја вреднува правната страна на трансакцијата

услуги кај мене се бесплатни. Наоколу се зборува дека добро ги советувам своите клиенти“, вели Герик. Тоа всушност е најдобрата реклама.

Најголемиот дел од клиентите за првпат заработуваат многу пари

Најголемиот дел од клиентите на Себастијан Герик се на возраст од околу 30-тина години. Причината за тоа е: на оваа возраст повеќето клиенти заработуваат доста пари, па размислуваат за тоа како да ги вложат: да купат стан, да склучат животно осигурување, да изградат куќа или да се осамостојат. Токму во вакви ситуации е баран неговиот совет: „На луѓе коишто почнале да работат и за првпат да заработуваат доста пари им се потребни концепти и планови за инвестирање на нивните пари. Јас им помагам да ги заштедат парите, среднорочно или долгорочно. Ги

Gesichter Deutschlands SeGe

Најдобра реклама е „од уста до уста“

советувам при нивните стратегии на вложување, кај која банка можат да ја добијат најповолната камата, колку треба да вратат назад и во кој временски период.“

Една сосема нова улога

Сопругот и семеен татко има среќа и на приватен план. Неговото семејство неодамна се прошири. Сега дома се четири члена. Себастијан за таа намена земал специјален породилен одмор за татковци и дома внимава на неговите две мали деца, за да може неговата сопруга да ги доврши своите студии по медицина. На тој начин Себастијан Герик научил уште нешто: тој во домаќинството станал способен за „мултитаскинг“, т.е. способен да извршува повеќе задачи одеднаш.

Во кујната , не без гордост, презентира два уште топли црни леба и мали земички, коишто најмногу ги сака неговата постара ќерка. „За мене, тоа е прекрасно искуство, бидејќи уживам да бидам со моите деца. Наутро секогаш го подготвувам појадокот, потоа ги менувам

Gesichter Deutschlands SeGe

Додека сопругата заврши со студии тој е “мајка и татко“

пелените, ја облекувам постарата ќерка и и‘ ја подготвувам кутијата со појадок за во детската градинка.“

Потоа, се знае: перење валкани алишта. Во меѓувреме, мојата сопруга доаѓа дома за да го надои бебето.

Шекспир и Моцарт

Герик ја обожава класичната музика и е воодушевен читател на филозофски дела. Освен тоа, го почитува Шекспир и кога ќе најде слободно време и‘ чита на својата сопруга негови дела. Откако има семејство, неговиот став кон темата „образование“ и „здравствен систем“ значително се променил. За него тие претставуваат основа за шансите на идните генерации за исполнет живот.

Герик е свесен дека на поголемиот дел од граѓаните на Германија им е добро: „Овде и не е така лошо како што велат многу. Значи, главата горе и да бидеме благодарни за тоа што го имаме!“

Автор: Телма Мвадзаја / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска