1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Претседателски избори во Чеченија

17 илјади полицајци се ангажирани да ги чуваат избирачките места во Чеченија, каде денеска се одржуваат претседателски избори. 570 илјади граѓани од руската република се повикани да изберат наследник на убиениот претседател, Ахмад Кадиров. Како фаворит важи, од страна на Кремљ поддржуваниот министер за внатрешни работи, Алу Алханов.

Изборни плакати во Чеченија

Изборни плакати во Чеченија

Изборните плакати во Грозни ставаат јасно дознаење што се очекува од денешните престедателски избори – рускиот претседател му ја стиска раката на кандидатот на Кремљ, Алу Алханов. Москва се мешаше многу во изборната кампања во Чеченија. Сомневања околу тоа кој ќе победи нема – кандидатот на Путин, чеченскиот министер за внатрешни работи, Алу Алханов. Вакво мислење имаат не само странските набзудувачи, туку и Чеченците знаат што се случува. Лема Турпалов, уредник во последниот независен весник во Грозни вели:

”Од седумтемина преостанати кандидати, само мал дел се познати – Алу Алханов, преку кампањата од изминатите месеци и малку Абдул Бугајев, како и Мовсар Хамидов, кој порано беше вицепремиер. Останатите се апсолутно непознати и делуваат безбојно. На тој начина станува фактички јасно дека Алханов нема конкуренти. Затоа никој и не сака да троши пари за изборна кампања. Шесте други кандидати се само формалност – тие се регистрираа, но вистинска изборна борба нема.”

Абдул Бугајев, се жали на нееднаквоста во шансите во предизборието:

”Администрацијата употреби 150% од своите ресурси за нејзиниот претставник да стане и формално лидер на републиката. Ако на пример се погледнат емисиите на државната телевизија, таму Алханов има 15 минутно интервју, а потоа се емитува уште и телевизиски пренос со наслов ”Грозни – Москва”. Побарав емисија во живо на кандидатите, но тоа не беше можно. Тоа значи, ги лажат луѓето, гледачите и избирачите.”

Алханов, кој како полициски генерал се бореше на руска страна уште во времето на првата чеченска војна, ќе биде претстадел на кого нема да му биде полесно отколку на неговиот претходник, убиениот Кадиров. Тој треба да ја спроведува политиката на Москва и да ја обезбеди моќта на кланот Кадиров. Сосотојбата во земјата,пак, како и претходно е проткаена со насилство. Во нападите на чеченските борци врз изборниот канцеларии и една полициска станица, во изминатата недела загинаа десетици луѓе. Безбедносната служба, на чие чело е Рамзан Кадиров, е осомничена дека и натаму киднапира луѓе и ги убива. Од смртта на Кадиров во мај годинава, ситуацијата е влошена, вели Шамил Тангиев, од руската организација за човекови права ”Меморијал” во Грозни.

”Има многу мртви меѓу цивилното население,а умираат и многу полицајци. Политичката и општествената ситуација е многу тешка и непредвидлива. Последните настани кажуваат многу за тоа дека стабилноста е далеку. Сакале или не, луѓето се многу исплашени.”