1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателски избори во Хрватска

Во Хрватска денеска (27.12.2009) започна гласањето на изборите за трет по ред претседател на државата. Околу 4,5 милиони избирачи во земјата и во странство можат да гласаат за еден од вкупно 12 кандидати.

default

Хрватите гласаат на вкупно 6.866 избирачки места во земјата и во странство. Првите избирачки места беа отворени уште синоќа во Нов Зеланд, а последните се затвораат во понеделник околу четири часот во САД. Во Хрватска избирачките места ќе бидат затворени во 19 часот. Државнаата изборна комисија најави дека до полноќ ќе ги објави првите официјални привремени резултати од изборите. Доколку еден од кандидатите не освои повеќе од 50 насто од гласовите од граѓаните кои излегле на избори , вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 10 јануари 2010 година.

Неизвесна трка

Анкетите спроведени воочи изборите предвидуваат многу неизвесна трка, можеби најнеизвесна во досегашната историја на претседателските избори во Хрватска. Едно нешто изгледа сигурно. Тоа е влезот на кандидатот на опозициската Социјалдемократска партија Иво Јосиповиќ во вториот изборен круг, додека пак неизвесна ќе биде трката за второто место, за кое последните анкети прогнозираат дека најмногу шанси имаат независните кандидати Милан Бандиќ и Надан Видошевиќ.

Миленко Бркиќ последните избори беше независен претседателски кандидат. Тој мина незабележливо, но вели дека времето на независните кандидати допрва доаѓа:

„Сите нагласуваат дека токму независните политичари, односно луѓето со одреден рејтинг во јавноста, имаат многу поголеми шанси отколку некој кого го поддржува некоја партија“, вели Бркиќ.

Kroatiens Präsidentes Stipe Mesić

Кој ќе го наследи Стипе Месиќ?

Неколумина фаворити

Инаку, независните кандидати Бандиќ и Видошевиќ влегоа во претседателската трка како партиски одметници од опозициската Социјалдемократска партија и од владејачката Хрватска Демократска заедница, но и со висока лична популарност, едниот како долгогодишен градоначалник на Загреб а другиот како еден од најбогатите луѓе во Хрватска. Експертите не ја исклучуваат можноста дека кандидатот на владејачката ХДЗ, Андрија Хебранг на крајот сепак би можел да се замеша во трката за второто место кое води во вториот круг од претседателските избори.

Меѓу кандидатите е и синот на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав . Тој очекува голем број гласови пред се’ од Хрватите во Херцеговина и во дијаспората.

Од вкупно 4,5 милиони избирачи, нешто повеќе од 400 илјади се наоѓаат на избирачкиот список во странство, каде што ќе бидат отворени 250 избирачки места во вкупно 55 земји, најмногу од нив -124 во Босна и Херцеговина каде право на глас имаат околу 285 илјади гласачи:

На досегашните избори Хрватите два пати за шеф на државата ги избираа Фрањо Туѓман во 1992 и 1997 и актуелниот претседател Стипе Месиќ во 2000 и 2005 година.

Автор: СН/ЖА/дв/бета/хина

DW.COM