1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателски избори во Финска

Во Финска денеска (22.01) се избира нов претседател на земјата. Фаворит за наследник на актуелната претседателка Тарја Халонен е конзервативниот екс-министер Саули Нинисто.

default

Право на глас имаат 4,4 милиони Финци

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Саули Нинисто има предност од цели 30 проценти пред останатите седуммина кандидати. Но, малку е веројатно овој 63-годишен кандидат да победи уште во првиот круг.

Finnland Tarja Halonen

Тарја Халонен нема право да се кандидира

Анкетите покажуваат дека во вториот круг, на 5 февруари, Саули Нинисто ќе се „трка“ со кандидатот на финските „зелени“ Пека Хаависто или против ветеранот од редовите на центристите Пааво Веирјунен.

Избирачките места ќе ги затворат вратите во 18 часот по Гринич, а првите резултати ќе се знаат веќе доцна вечерва. Претедателката Тарја Халонен нема право да се кандидира за трет шестгодишен претседателски мандат.

Автор: ЕМФ/миа/дв

Редактор: А. Методијев