1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Претседателски избори во САД

Денеска околу 100 милиони граѓани на САД го избираат својот претседател,треба гласовите да му ги дадат вторпат на Џорџ Буш и со тоа во Белата куќа да останат Републиканците, или на неговиот предизвикувач Демократот Џон Кери.

Гласањето за 44-от американски претседател започна

Гласањето за 44-от американски претседател започна

Трката започна во две мали села,Хартс и Диксвил Ноч во Њу Хемпшир каде веќе се преброени гласовите:Буш доби 35,а Кери 21 глас.

Но,не е решавачки кој ќе добие мнозинство гласови во целата земја,туку кој ќе добие повеќе електорски гласови.Тоа Демократот Ал Гор мораше да го искуси пред четири години,кога иако доби мнозинство гласови,на крајот ги изгуби претседателските избори.

Секоја сојузна држава на САД во зависност од бројот на своето население испраќа одреден број лица во изборниот колегиум-електори.Притоа за мнозинството сојузни држави важи –се или ништо:кој добива на гласањето,ги добива сите гласови на електорите.Тие го избираат претседателот.Вкупно има 538 гласови,на победникот му требаат значи најмалку 270.

Во многу сојузни држави е очигледно кому ќе му бидат дадени гласовите на електорите,така во Калифорнија и во Њујорк со прилична сигурност може да се смета на победа на Кери,во Тексас и во Вирџинија напротив на Џорџ Буш.Во некои сојузни држави постои само тенденција.Во Њу Мексико,Минесота,Ајова,Висконсин,Флорида и Охајо е неизвесно како ќе заврши изборната трка.Тие се т.н. клучни држави.Таму двајцата претседателски кандидати жестоко ги врбуваа гласачите.Американскиот истражувач на јавното мислење Јон Зогби:

“Овие избори во Америка се одржуваат во контекст на две завојувани нации.Двете страни се отприлика еднакво големи,но толку поларизирани,како што досега не било видено:тие фундаментално се разликуваат на културен,религиозен,идеолошки и демократски план”,вели Зогби.

Одлучувачки може да биде пред се одзивот на гласачите.Висок одзив може да му помогне на Демократите,значи на предизвикувачот Џон Кери.Неодлучените гласачи,кои својот збор ќе го кажат на крајот,според досегашноот искуство се одлучуваат порадо за предизвикувачот.Регистрирани се значително повеќе гласачи отколку пред четири години.И многу од нив го искористија своето право на предвремено гласање.Фијаско како во 2000 година не би требало да има повторно.Тогаш победникот го реши највисокиот суд.

Но што ако повторно биде многу изедначено,ако има проблеми при пребројувањето,ако некои гласачи бидат истерани од гласачките места?Што ако ако стане нејасно дали и кога да важат провизорните избирачки дозволи кои сега за првпат се воведени?Двете страни,и Демократите и Републиканците,ангажираа повеќе илјадници адвокати за да го следат гласањето и да интервенираатправно во сомнителните одделни случаи.При овие избори има и еден друг феномен,како што објаснува и Џон Зогби:

“Веќе постои изедначен изборен исход,но како ретко досега двете страни се толку поларизирани,толку бесни и неволни да прифатат победник кој не е нивен фаворит,”вели истражувачот.

Поради различните временски зони и различното време на затворање на гласачките места,изборите ќе бидат долги и напнати.решавачко ќе биде кој од двајцата кандидати ќе ги придобие клучните држави,пред се поради големиот број електори, Охајо на пример и Флорида.

На 13 декември во секој случај ќе се собере Колегиумот на електорите за да го избере следниот претседател на САД.Кој ќе биде тој,Буш или Кери,ќе се знае тогаш, како и дали евентуално во двата дома на Конгресот ќе доминираат различни партии.

Зашто Американците освен својот претседател,ги избираат и сите места во Претставничкиот дом и една третина од сенаторите.Засега Републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом,како и во Сенатот.Таму нивната предност е тесна,и можна е смена во корист на Демократите.