1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателските и локалните избори во Македонија на 22 март

Претседателот на македонскиот парламент Трајко Велјановски денеска официјално ги распиша претседателските и локалните избори. Тие ќе бидат одржани на 22 март.

default

Тест за демократијата во земјата

Велјановски подвлече дека претстојните избори треба да бидат фер и демократски, според највисоките европски стандарди, што е важен предуслов за приклучок на земјата кон ЕУ. За датумот вчера се согласија лидерите на четирите парламентарни партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Според Изборниот законик, изборната кампања започнува на 22 -от ден од распишувањето на изборите.