1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателските избори неважна тема за ДПА, вели Тачи

Лидерот на опозициската ДПА денеска по изборното собрание на тетовскиот огранок на партијата истакна дека сега не е време за предвремени парламентарни избори и оти состојбата во државата е лоша и речиси безизлезна.

default

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска изјави дека е за демисионирање на ДУИ од власта и оти изборот на претседател на државата за неговата партија е неважна тема.

„Доколку речам дека сме за предвремени парламентарни избори веднаш ќе ми биде додадено дека за тоа сум се договорил со ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна состојбата во државата е лоша и скоро безизлезна, а такво е мислењето и на ДУИ и (претседателот на партијата Али) Ахмети така што мојот предлог за надминување на оваа состојба е демисионирање на ДУИ и Ахмети“, изјави Тачи.

Во однос на предлогот за заеднички консензуален кандидат за претседателските избори, лидерот на ДПА рече дека изборот на претседател е неважна тема за партијата. Таа функција, како што рече Тачи, според Уставот нема големи законски и други ингеренции, а од друга страна Ахмети се наоѓа во тешка состојба и произведува тема наместо да се спротистави на антиалбанската политика и проекти што ги спроведува Владата.

Лидерот на ДПА Тачи денеска присуствуваше на изборно собрание на тетовскиот огранок на партија.