1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателските избори во Русија на 4 март

Горниот дом на рускиот парламент денеска (25.11.2011) ги закажа претседателските избори во земјата за 4 март 2012.

default

Во согласност со рускиот изборен закон, денот на гласањето ќе биде во втората недела во месецот во кој беше биран претседателот на државата на последните избори. Советот на федерацијата денеска го одреди 4 март наредната година за ден на кој ќе се гласа за претседател на Русија.

Актуелниот премиер и експретседател Владимир Путин најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата која досега ја вршеше Дмитриј Медведев.

Flash-Galerie Russland Putin Selbstdarstellung Medwedew

Премиерот Владимир Путин (лево) и претседателот Дмитри Медведев (десно) треба ги сменат функциите

На 4 декември пак во земјата ќе се оддржат парламентарните избори кои ќе бидат добар тест за расположението на гласачите во пресрет на далеку побитните претседателски избори. Резултатите од најновата анкета кои најголемата руска агенција за истражување на јавното мислење - Центар „Левада“ ги објави денеска покажуваат дека владеачката партија на премиерот Путин, „ Единствена Русија“, најверојатно ќе освои мнозинство мандати во долниот дом на рускиот парламент- Дума кое меѓутоа ќе биде помало од досегашното.

Според анкетата, „Единствена Русија“ ќе освои 252-253 од вкупно 450-те пратенички места во Државната дума. Во моментов оваа партија располага со 315 пратеници. Како втора политичка сила во Русија би се позиционирала Комунистичката партија, која би имала 94 места, следена од Либерално-демократската партија со 59 пратеници и „Праведна Русија“ со 44 мандати.

Автор:БГ/СН/ртр/бета/миа

Редактор: Симе Недевски