1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Претседателските избори во Пакистан за две недели

*

Претседателските избори во Пакистан ќе се одржат за две недели. Изборната комисија објави дека гласањето ќе биде на 6 октомври.

Актуелниот претседател Первез Мушарав пред Парламентот во Исламабад ќе побара потврда на неговиот мандат за наредни пет години. Со оглед на моменталниот состав на пратеници, Мушараф би требало да добие мнозинство гласови. Во случај на негов реизбор Мушарав, најави дека ќе поднесе оставка на функцијата шеф на војската, којашто во моментов ја извршува покрај претседателската.