1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателот Црвенковски во дипломатска офанзива

Македонскиот претседател Бранко Црвенквоски, упати писма до земјите членки на НАТО за напредокот на Македонија, во очи самитот на Северно Атланската Алијанса во април годинава.

default

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во офанзива пред самитот на НАТО во Букурешт, што треба да се оддржи во април. Тој до првите луѓе на 26-те земји членки на Алијансата упати писма во кои ги запознава со напредокот на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство. Во писмото до грчкиот претседател Каролос Папуљас, тој искажува искрени намери и подготвеност двете земји да продолжат да бараат решение за името.