1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателот не предложил никого, коалицијата го сака Јанша

Словенечкиот претседател Данило Тирк денеска не предложи никого за мандатар на новата влада, а коалицијата на десниот центар на парламентот му го предлага Јанез Јанша, претседател на Словенечката демократска партија.

default

Јанез Јанша

На конференцијата за печат, словенечкиот претседател Данило Тирк денеска (25.01) нагласи дека тој не одлговлекувал со предлогот за кандидат за мандатар на новата коалициска влада во земјата. Тирк изјави дека претставниците на партиите на 27 декември 2011 година, по советувањата со него, му предложиле за мандатар да го предложи претседателот на Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, што тој и го сторил, но тој предлог не минал во парламентот.

Словенечкиот парламент за предлогот Јанша да биде мандатар ќе се изјаси на вонредното собрание в сабота (28.01), јавија словенечките медиуми. Доколку парламентот го прифати предлогот, тој ќе има на располагање еден месец да го состави новиот кабинет. Петте партии што го поддржуваат Јанша, имаат повеќе од 50 од вкупно 90 места во словенечкиот парламент.

Автор: ЖА/миа/бета

Редактор: Е.М.Фиданоска