1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Лело во Скопје

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хозе Лело, денеска зборуваше пред парламентарците во Собранието на Македонија. Попладнево Лело ќе се сретне со претседателите на парламентарните партии во Македонија.

default

Парламентите на земјите членки на НАТО ќе треба да ратификуваат прием на нови членки

Парламентите на 26те земји членки на НАТО ќе треба да ја ратификуваат одлуката и за можниот прием на Македонија во Алијансата. Со оваа дипломатска изјава но и со позитивна енергија претседателот на НАТО Парламентот Хозе Лело настапи во Скопје. Овој познат португалски дипломат и лобист, за отворени врати на НАТО за проширување ја потенцира македонската активна политика на соработка со Алијасата - учеството во нејзините три мировни мисии во Ирак, Авганистан и Босна, но и логиситката за КФОР силите на Косово.

Јадранската тројка Македонија, Албанија, Хрватска неодамна доби поддршка од парламентарното Собрание на НАТО во Рејкјавик за нивното членство во Алијансата. Во НАТО има консензус за нов прием, но од Македонија ќе зависат шансите рече Хозе Лело во Скопје пред македонскиот Парламент „Сакам да покажам и да го изразам мојот оптимизам за македонскиот прием во НАТО. Со македонските власти разговарав за реформите во земјата и особено за состојбите околу Косово. Се надевам дека Македонија успешно ќе се презентира во наредниот период за своите реформи и можниот кандидатски статус.“

Хозе Лело изрази оптимизам, не само од реформите меѓу кандидатите, туку и од стратешките цели за проширување на НАТО. Членството во Алијансата ќе биде страбилизирачко за регионот, тоа и поради двете непознаници, што ќе се случи со Косово, и евентуално еднострано прогласување на независност по 10 декември, и како на тоа ќе реагира Србија рече Лело „ Не сум поборник на статус кво. Секако се нужни промени. Двете страни треба да пронајдат позитивно решение за Косово“, рече Лело во Скопје.

Македонија е факор на стабилноста во регионот и затоа треба да биде поканета за членство во Алијансата. „Четири месеци што ни преостануваат од трката, ќе треба да излеземе од себе, да се заборавиме малку себеси, за сметка на доброто на нашата земја“ кажа претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, домаќин на претседателот на НАТО Парламентот.

Хозе Лело попладне ќе има средба со македонските лидери на парламентрните партии. Хозе Лело, на прес конференцијата говореше за Македонија со нејзиното уставно име. Грчко – македонскиот спор околу името неможе да го блокира приемот на земјата во НАТО. Тоа не било критериум за блокада на Македонија во Алијансата, кажа Хозе Лело претседател на НАТО Парламентот.