1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателот и премиерот на различна бранова должина

Македонскиот претседател и македонскиот премиер имаат различни ставови за преговарачката стратегија на Македонија во спорот со името со Грција. Црвенковски и Груевски тоа го потврдија во нивните последни интервјуа.

default

Разлики во ставовите на првите луѓе во државата, Црвенковски и Груевски

Во телевизиското интервју за „Канал 5“, македонскиот премиер Никола Груевски потврди дека Македонија останува во преговори за спорот со името со Грција, но ги обвини властите во Атина дека диктираат максималистичка преговарачка позиција.

Промена на уставното име на Македонија, за единствена употреба, дома и од меѓународната заедница, промена дури и на идентитетот, овие условувања предизвикуваат поделеност кај македонскиот државен врв. Разлики меѓу премиерот и претседателот постојат и во однос на преговарачката стратегија, што дојде до израз и во нивните одделни интервјуа за „Канал 5“. Премиерот Никола Груевски останува на позицијата за двојната формула, со тоа што за дефинитивното решение ќе треба да се изјаснат граѓаните на референдум.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски смета дека нема да има никакво придвижување во преговорите ако Македонија останува на позицијата за двојна формула. Нагласува дека тоа било сугерирано и однадвор.