1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателот и премиерот на консултации за името

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска во Скопје се сретнаа на консултации околу спорот со Грција. По состанокот не се соопштени детали за ставовите на македонскиот врв.

default

Претседателот и премиерот на поранешна средба со медијаторот Нимиц

Македонскиот премиер Никола Груевски ја продолжува праксата, на почетокот на месецот да разговара со шефот на државата Бранко Црвенковски за клучните прашања за развојот во Македонија.

Нема информации зошто токму денеска и со какви ставови претседателот и премиерот разговарале околу последниот пакет на медијаторот Нимиц за решавање на грчко - македонскиот спор околу името. Не е исклучено македонскиот врв да испрати писмо до Брисел пред утрешниот конечен прием на Хрватска и Албанија во НАТО.