1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателката на Бразил вети „голем пакт“

Претседателката на Бразил Дилма Русеф им се обрати на демонстрантите: Таа ги прифаќа барањата од улицата. Во меѓувреме светската фудбалска федерација ФИФА е загрижена за СП 2014.

Претседалтеката на Бразил Дилма Русеф вети „голем пакт“ за подобар Бразил. Треба да биде развиен план за подобрување на јавниот транспорт, да се инвестираат повеќе пари од приходите од нафтата во образованието и да се доведат лекари од странство во Бразил, изјави претседателката во синоќешното телевизиско обраќање до граѓаните. Освен тоа би морало „да се преземе многу повеќе против корупцијата“.

Русеф притоа ги пофали мирните протести во земјата и го осуди насилството и немирите на мала група демонстранти, кои се обидувале да воведат хаос во градовите. Ваквите судири владата не може да ги прифати. Мирните демонстрации напротив ја покажуваат „силата на нашата демократија и желбата на младите, Бразил да напредува“.

Големите манифестации се загрозени?

Шефот на претседателскиот кабинет Жилберто Карваљо, стравува дека големите протести би можеле да се одразат врз Светскиот ден на младите на католичката црква, кој на крајот на јули треба да се одржи во Рио де Жанеиро. „Мораме да бидеме подготвени“, рече тој во Бразилија по средба со организаторите на оваа голема манифестација. Претседателот на бразилската бискупска конференција, кардиналот Рејмундо Дамаскено де Асис, соопшти дека нема промена на терминот или текот на манифестацијата, на која се очекува и папата Франциско.

Brasilien Proteste Plakat FIFA

Бразилците протестираат против ФИФА

Во ноќта од четвртокот кон петокот, според најновите бројки на новинската агенција „Агенсиа Бразил“ против корупцијата и социјалните услови протестирале речиси два милиона граѓани. Во голем број градови имаше судири, а силите за безбедност употребија солзавец и гумени куршуми. Голем број луѓе беа повредени, а едно 18-годишно момче беше прегазено од возило и им подлегна на повредите. Исто така вчеравечер повторно илајдници луѓе излегоа на улица. Гневот на демонстрантите е насочен и против големите издадоци за престижните проекти како Светското фудбалско првенсво во 2014 година и Летните олимписки игри во 2016 година.

„Нема план Б“

Во моментов во Бразил се одржува Купот на конфедерации, а наредната година треба да се одржи Светското фудбалско првенство поради што притисок врши ФИФА. Генералниот секретар Жером Валке изјави дека се надева оти протесите „нема да продолжат идната година. Бразил мора да го реши овој проблем! Тоа не е проблем на ФИФА. Ние сме погрешната цел за напади.“ Тој сосема јасно кажа: „Купот на конфедерации се одржува во Бразили и СП исто така мора таму да се одржи. Нема план Б.“