1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Претседателите од регионот во Охрид

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе биде домаќин на официјалниот дел од Третата регионална претседателска средба, која годинава се одржува во Охрид

default

Ѓорге Иванов

Гости на Иванов се претседателите на Албанија, Црна Гора и Косово, Бамир Топи, Филип Вујановиќ и Атифе Јахјага.

Темите на состанокот, како што информираат од кабинетот на Иванов, доминантно се поврзани со ЕУ и НАТО интеграциите, а ќе се разговара и за начините за нивно олеснување преку јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и прекугранична соработка во борбата против криминалот. Предвидено е Иванов да има одделни состаноци со тројцата претседатели, по што ќе следува заедничка пленарна средба.

Првата средба во ваков формат беше одржана во 2009 во Валона, Албанија, а втората во 2010 година во Призрен, Косово. Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните средби и програмските активности во рамки на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово што денеска и утре се одржува во Охрид, Секторот за внатрешни работи – Охрид презеде серија оперативно-тактички мерки.

Автор: СН/ТТ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски