1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Претседателите на Јужна и Северна Кореја на разговори

*

Првпат по седум години Јужна и Северна Кореја ќе оддржат самит на кој треба да се разговара за мировниот процес на поделениот кореански полуостров. Како што се вели од претседателскиот кабинет во Сеул јужнокојрескито претседател Ро Му Хјун на крајот на август ќе замине за Пјонгјанг на разговори со северно корејскиот властодржец Ким Јонг Ил. Со самитот треба да се почне нова фаза за мирот, јави државната севернокорејска новинска агенција. Официјално Северна и Јужна Кореја се уште се наоѓаат во војна состојба. По корејската војна во 1953 година договорено е само положување на оружјето.