1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претседателе, Грција има влада!

Лидерот на грчката конзервативна Неа Демократија Антонис Самарас ќе го информира претседателот Каролос Папуљас дека Грција има влада. И социјалистичката ПАСОК објави дека се договорила за владата со Неа Демократија.

Грција има влада, изјави лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос по денешната средба со лидерот на Нова Демократија Антонис Самарас.

„Нова демократија, ПАСОК и Демократската левица преземаа одговорност повторно да преговараат за пакетот мерки за штедење. Некои одлучија да останат надвор од овие напори“, истакна Венизелос.

Грчките проевропски партии се согласија на коалиција, но за извлекување на земјата од продлабочената рецесија ќе бараат ревизија на заемите и тоа ќе го изнесат следната недела на самитот на европските лидери. Партиите веднаш ќе формираат тим за повторни преговори за условите за штедење.

„Тие два дена во Брисел ние ќе водиме голема битка за ревизија на заемот и ќе преговараме за рамка која ќе ги поттикне заздравувањето на економијата и битката против невработеноста“, рече Венизелос.

Griechenland Regierungsbildung Samaras Venizelos

Самарас и Венизелос на преговорите за новата грчка влада

ПАСОК ќе ја поддржува новата влада во парламентот, но веднаш не беа објавени информации кој од членовите на партијата ќе работи и во владата. Медиумите само го пренесуваат името на новиот министер за финансии. Василис Рапанос, поранешниот професор по економски науки, кој беше дел од владата кога Грција му се приклучи на еврото во 2001-ва, а сега е претседател на Националната банка на Грција, ќе биде новиот министер за финансии, информираше државната грчка телевизија.

Лидерот на Неа демократија Самарас имаше тридневен рок за формирање на владата. Тој истекува на полноќ. Ако владата не се формираше, тогаш Грција ќе се впуштеше во нова неизвесност, по спроведените втори парламентарни избори во рок од шест недели.