1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претрес во домот на Кристин Лагард

Француската полиција изврши претрес во станот на шефицата на ММФ во рамките на истрагата за корупција во периодот додека таа го предводела француското министерство за финансии.

Француската полиција денеска изврши претрес во станот на директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во рамки на истрагата за нејзината улога во случајот со исплатата на компензација на бизнисменот Бернар Тапи.

„Овој претрес ќе помогне за откривање на вистината, што ќе придонесе за ослободување на мојата клиентка од каква било кривична одговорност“, изјави адвокатот на Лагард, Ив Репил.

Полицијата проверува дали Лагард, во времето додека ја извршуваше должноста министер за финансии, го прекршила законот во врска со исплатата на 285 милиони евра отштета во арбитражната постапка со Тапи, кој беше приврзаник на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Лагард, која е од редовите на партијата на Саркози - конзервативната Унија на народното движење (УМП), демантира дека на каков било начин го прекршила законот.