Претпроцесна конференција во Хаг за Бошковски и Тарчуловски | Вести | DW | 12.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Претпроцесна конференција во Хаг за Бошковски и Тарчуловски

Во Хашкиот трибунал претпладнево започна предпроцесна конференција за подготовка за судењето на двајцата обвинети Македонци, Љубе Бошковски и Јохан тарчуловски. Судењето треба да започне на 16 април. Денеска се договараат начините на однесување во судницата, модалитетите и времетраењето во постапката за изведување докази. Бошковски и Тарчуловски се обвинети за кршење на законите на војување во случајот „Љуботен“, акција во кој во 2001 загинаа седум лица од албанска националност. На првото сослушување обајцата се изјаснија за невини.