1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Претплата за да се преживее

Европската радиодифузна унија ќе и‘ помага на Македонската радиотелевизија да го најде патот до излезот од длабоката криза. Во посета на Скопје е генералниот директор на Европската радиодифузна унија, Жан Ревилион.

default

На средбите со своите домаќини, гостинот од Женева добил уверување дека Македонија е решена да го спаси јавниот сервис и понудил експертска и програмска помош. Првиот човек на популарната Евровизија, Жан Ревилион смета дека во Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија мора да постои развиен јавен радиодифузен сервис. Оптимист е дека за неколку години МРТ има шанси да стане стабилна куќа. Според него, најважно е да се обезбеди начин за стабилно и трајно финансирање. На премиерот Никола Груевски му предложил тоа да биде со телевизиска претплата.

“Знам дека е тешко, ова е време на криза. Но, зборувавме со премиерот дека можеби тоа треба да се направи во иднина. Исто така, преферирам телевизиска претплата што ќе ја плаќаат директно граѓаните, бидејќи тоа на јавниот сервис ќе му обезбеди

независност и професионалност“, рече во изјавата за Дојче веле Ревилион по средбата со премиерот Груевски.

Ниска претплата што би ја плаќале сите

Според него, претплатата не мора да биде скапа. Важно е сите редовно да ја плаќаат. Финансиската стабилност е база за натамошно техничко и кадровско стабилизирање, а дури потоа ќе може и ќе мора да се размислува за натамошен развој како што е дигитализација и примена на

Euro-Vision (1) - ohne Karte

останатите европски стандарди. Директорот на Европската радиодифузна унија е свесен дека тоа ќе биде долг и макотрпен процес, но тоа им е јасно и на одговорните во националната радиотелевизија. Претседателот на Управниот одбор на МРТВ, Крсте Скубев за Дојче веле објаснува:

“Граѓаните не може да очекуваат некој со волшебно стапче да го врати за два дена или за два месеца нешто што се растурало 15 години. Секаде во Европа има неколку модели на финансирање, но тие модели секаде имаат сигурност. Во Македонија таа сигурност се загуби. Се надевам дека со измените во законот со реструктуирањето и со подобрувањето на програмскиот дел, гледачите ќе почнат да го чувствуваат јавниот сервис како свој.“

Освен експертска помош, Европската радиодифузна унија ќе и‘ понуди на Македонската радиотелевизија и програмски пакети.

“Ќе се обидеме да ја поддржиме МРТ исто така и со програмски пакети, подготвени од нашите членки. Станува збор за бесплатна програма која треба брзо да ја збогати програмската понуда на јавниот сервис“, вели Ревилион.

Во Македонската радиотелевизија сега работат околу 800 луѓе. Санационата програма предвидува оптимален број на вработени од околу 740.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска