1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претпазлив оптимизам за понудата на Пекинг

Кинеската државна агенција Хсинхуа, повикувајќи се на владини извори, објави дека Пекинг му нуди дијалог на Далај Лама. Во западниот свет реакциите на понудата на Пекинг, се главно позитивни.

default

Далај Лама во очекување на официјална кинеска покана за разговори со негови претставници

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека е многу среќен за овој значаен чекор. Германската канцеларка Ангела Меркел за весникот „Билд ам зонтаг„ изјави дека ја поздравува најавата на Пекинг со надеж дека тоа го отвора патот за мирен и успешен тек на Олимписките игри. Самиот Далај Лама во мометот на соопштувањето на веста беше на пат од САД кон Индија. Се јавува дека тој со неговите најблиски соработници во текот на денов и утре ќе разговара за најновиот развој.

Меѓутоа, како што вели неговиот портпарол Тенцин Такла, засега не е добиена никва понуда за разговори, ниту се добиени информации од кинеската влада. Тој претпазливо оцени дека сепак станува збор за чекор во вистинска насока.

За германското радио тој ја потврди принципиелната готовност на Далај Лама за разговори со Пекинг:„Добро е меѓусебно да се разговара, Меѓутоа, истовремено ние сме и натаму многу загрижени за она што се случува во Тибет. Ако Кинезите се поготвени за разумни разговори и ккао да се дојде до заедничко решение, тогаш тие се добредојдени.“