1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Претпазливо со претпоставките

Шпанската влада во врска со терористичката серија во Мадрид е сигурна дека зад нив стои баскиската организација ЕТА. Портпаролот на владата Едуардо Заплана синоќа категорично ја отфрли можноста дека станува збор за самоубиствен напад. Подоцна појавените наводни препознатливи знаци на Ал Каеда исто така не се убедливи.
Без цврсти докази не само што е излишно, туку и недоговорно да се префрли вината врз некого за извршен терористички чин како овој во Мадрид. Па сепак, човечки е да се размислува кој може да се крие зад едно вакво монструозно и несфатливо злосторство. При обидот да се оформи портретот на извршителите мора се да биде земено предвид, па дури и она што се наоѓа на маргините на релевантноста. Тоа сега го прават истражните органи во Шпанија: додуша атентатот не е типичен за ЕТА зашто е насочен кон невини цивили, но и поради тоа што таа не предупреди, ниту потоа се јави да ја преземе одговорноста. Важна поента, зашто со нејзините напади ЕТА секогаш сака да демонстрира дека и натаму постои и дека не е лесно да се победи. Но, ова функционира само ако ја преземе договорноста. Други индиции пак повторно покажуваат кон ЕТА и тоа не премногу ревносните шпански службеници за кои сржта на сите зла е ЕТА, туку сигналите дека уптребениот експлозив е идентичен со оној што таа го користише досега. Уште повеќе: дека во последните месеци беа спречени најмалку два планирани напада на ЕТА врз железнички композиции. Вака погледнато се чини синџирот индиции е затворен. Ако не беше најдено едно комби со детонатори и корански касети. И ако во Лондон не се појави едно писмо со кое се презема одговорноста и со кое нападот се карактеризира како удар врз "неверниците" со закана за нови напади. Ова на фамозен начин е соодветно за користење на тезите за вториот профил на извршителите: зад делото се кријат исламските терористи на Ал Каеда.
Но и за ова е потребна претпазливост не само затоа што од блиските на ЕТА веднаш беше кажано дека нападот можел да биде извршен само од "арапскиот отпор". Обид истрагата да се упати на погрешна трага? Кон тоа може да припаѓа и комбито со снимки од Коранот: оној што поседува толку широк организаторски талент да сокрие дузина бомби и да ги детонира во исто време, тој може да остави и лажни траги.Траги кои во ова време можат да водат само во една насока: од 11 септември секогаш најнапред сомнежот е упатен кон Каеда на Осама бин Ладен. Понекогаш сигурно со право, но често секако и од лагодност. Причини за тоа има доволно: како во Ирак, така и сега во Мадрид. Па зарем Осама бин Ладен лично во октомври на една аудио-касета не им се закани на Шпанците како блиски сојузници на САД? Дали токму Шпанците во Ирак не беа жртви на напад?
Меѓутоа овде има една важна разлика од досегашното однесување на Ал Каеда: таа повремено однапред се заканува, но по правило не кажува кој го извршил нападот. Едно напишано признание преку и-мејл затоа не е доволно зашто тероризмот подеднакво има многу татковци. Она што се прифаќа и што смее да се прифати се докази, а не теории колку и да звучат прифатливо.