1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претпазливо приближување

Политичкиот мраз во односите меѓу Кина и Тајван, се чини, почнува да се топи. Неодамна, претседателот на тајванската владеачка партија го посети Пекинг, а денеска на официјални разговори во Пекинг е делегација од Тајван.

default

Почеток на официјалните разговори

Меѓу Тајван и Народна Република Кина десет години владееше леден молк. Зашто, во 1999 година Кина ги замрзна разговорите со Тајван. Причина беше обвинувањето на Пекинг на сметка на тајванската влада дека води политика со цел отцепување на Тајван. Пекинг, имено, го третира Тајван како кинеска провинција и настојува на повторно спојување. Народната република се закани со војна доколку Тајван некогаш се прогласи за независен. Тоа што сега се можни разговори меѓу двете страни се должи на фактот што во Тајван се промени владата.

Taiwan Delegation Ankunft in Peking

Од пристигнувањето на тајванскта делегација во Пекинг

Новата влада во Тајван не ја става под знак прашалник политиката на „една Кина“, но за разлика од Пекинг, тајванската влада сака демократска, а не комунистичка Кина. Иако Пекинг не го дели ваквиот став, таа е сепак прифатена како партнер за разговори. Поради овие причини сега се одржуваат разговори меѓу двете страни, кои од експертите се окарактеризирани како историски. Американецот Дејвид Финкелштајн објаснува: „Многу е јасно дека двете страни - Народна Република Кина и Тајван сметаат дека нивен заеднички национален интерес е стабилизација на односите и нормализација на досега многу лошите односи.“

И Кина и Тајван со свои бироа за врски

Првите чекори кои треба да придонесат за нормализација се отворање биро на Тајван во Кина и обратно. Двете страни сакаат да почнат и со директни летови. Кинеската државна телевизија објави: „Се разговара за тоа колку лета ќе има и од кои градови, како и релациите на кои што ќе летаат авионите.“

Досега патниците мораа да се прекачуваат во Хонгконг. Кога би имало директни летови, не само што би се олесниле посетите на роднините, туку и службените патувања.