1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Претпазливо „затворање на ролетните“

Папата Бенедикт 16-ти е во посета на Франција. Католичката црква останува цврсто на своето по сите прашања.

default

Папата Бенедикт 16-ти во Франција

„Ил пасторе тедеско“ - гласеше насловот на италијанскиот комунистички весник „Ил Манифесто“, по изборот на кардинал Рацингер за папа. Тедеско значи германски, пасторе би можело да се преведе како овчар или овчарско куче. Бенедикт 16-ти во неделата вечерта ги покажа забите. Откако беше поздравуван и славен со одушевување на настапите во Париз и Лурд, тој одржа опширен говор пред француската бискупска конференција.

Неговата порака гласеше - католичката црква останува на својата тврда и традиционална линија по сите прашања. Значи, спротивставување на развод на браковите и недавање благослов на вонбрачни заедници. Последното се однесува особено на хомосексуалните бракови. Нема причесна за повторно оженетите и омажените, поттикнување на тридентиската, повторно дозволената значи стара миса на латински јазик и интеррелигиозен дијалог, но со цел на мисија. Кажано на добар германски - целата програма.

Обврзувачки во тонот, тврдокорен во суштината

Со ваквата беседа, папата Рацингер повторно го покажа своето вистинско лице. Обврзувачки во тонот, тврдокорен во суштината. Поинаку речено - католичката црква не се придвижува ниту милиметар. Тоа ќе ги радува радиционалистите во редовите на верниците, за многу католици, пак, говорот на папата повторно ќе предизвика разочарување. Мора да се постави прашањето - зошто Бенедикт, токму на ова прво, важно патување во Франција, повторно ги нагласува работите кај кои нема никакви промени во позиционирањето. Она што папата го кажа во неделата вечерта би можело да придонесе за натамошно влошување на ионака тешката ситуација на католичката црква во Франција и на други места во светот. Кој постојано одново тврдокорно инсистира на истите ставови, кој прави неразбирливи работи за многу членови на сопствената црква, тој не смее да се чуди кога верниците си заминуваат.

Папата Јован 23-ти еднаш рекол дека е важно ширум да се отворат прозорците на црквата за знаците на времето. Бенедикт 16-ти во неделата вечерта претпазливо ги затвори ролетните.