1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Претпазливи прогнози на експертите

Германската влада и екомонските стручњаци во земјата во оваа година очекуваат видливо смирен пораст.Прогнозата за стапката е коригирана под два процента,граѓаните се скептични

default

Министерот за стопанство Михаел Глос попретпазлив во прогнозите од науката

Одвај започна новата година, а убавото расположение веќе е минато. Добра конјунктурна година оваа 2008 нема да биде, барем така предвидува министерот за стопанство Михаел Глос: ја коригира прогнозата за 2008 под два процента. Цела низа германски економски институти веќе ги намалија своите прогнози, што сојузната влада не можеше да го превиди, вели министерот. Ниту на германските нормални граѓани, кога ќе размислуваат за оваа година, не ќе им биде пријатно:

„Јас сум многу скептичен„ вели еден граѓанин, друг пак смета:

„Мислам дека на Германија со години не и оди добро, посебно по воведувањето на еврото веќе ништо не е како што беше„. Трет со став:

„Сепак се надевам, но ако продолжи вака, се’ ќе стане поскапо„.

На повеќето треба да им биде подобро во иднина. Барем така мисли Клаус Цимерман, претседател на Германскиот институт за економија. До 2009 година треба да се отворат 300 илјади нови работни места, а невработеноста да се спушти под 3 ипол милиони. Фирмите можат да сметаат и на зголемување на платите, првпат по 2003 година:

„Со дополнителните вработувања и растоварувањето на фирмите со намалувањето на придонесите за социјалното осигурување, сегашните приходи ќе се зголемат. Тогаш и потрошувачката - која опадна во минатата година поради данокот на додадена вредност - повторно ќе стане мотор на германската внатрешна конјунктура. Така порастот конкретно ќе опфати повеќе луѓе„.

Инаку и ДИВ, прогнозата ја одредува на пониско ниво – 2,1 процент за 2008:

„Конјунктурата ќе се смири. Економските ризици станаа поголеми, конјунктурната динамика сигурно се намали во однос на последната година. Сепак, веруваме дека германскиот брод плови по сигурен курс, иако морето е понемирно„, вели сликовито Цимерман.

Вкупно, економската ситуација во 2008 ќе остане поволна каква што одамна не била. Драстично зголемување на цените како во 2007 нема да има. ДИВ проценува дека поскапувањето ќе биде под 2 насто. Но, ќе останат економските ризици врз кои се потпираат и предвидувањата на министерот Глос. Кристијан Дрегер, експерт за конјунктура од ДИВ, сепак не ја прифаќа во целост аргументацијата на министерот:

„Главната разлика во моментов е во нејаснотијата околу тие ризици кои од владата се проценуваат повисоко од нашите. Едниот е цената на нафтата, другиот е курсот на доларот. Конјунктурното слабеење во САД се покажа поголемо отколку што предвидовме есеноска, меѓутоа севкупно мора да се остане мирен„.

И да се завршат домашните задачи. Сојузната влада не ја искористи доволно жешката фаза на економскиот бум за консолидацијата на буџетот, вели претседателот на ДИВ Цимерман. Според тоа, не смее да се троши повеќе од можното, а мора да се направи повеќе и на пазарот за работа.