1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Претенциозно истражување на ОН“

Под наслов „ОН предвидуваат нови судири во БиХ“, медиумите во БиХ објавија детали од истражувањето направено за потребите на босанската канцеларија на ОН. Стручњаците тврдат дека истражувањето е претенциозно.

Канцеларијата на ОН во Сараево, меѓу другото, настојувала да утврди во колкава мерка граѓаните на Босна и Херцеговина се подготвени на промени, какви се ставовите на граѓаните за главните предизвици со кои се соочува земјата, дали се подготвени на помирување и дали имаат доверба во домашните и меѓународните институции.

Најмногу реакции предизвикаа деталите од истражувањето кои се однесуваат на иднината на Босна и Херцеговина и проценката на можноста од судири. Во истражувањето, меѓу другото, се наведува дека 35,7% од граѓаните на БиХ веруваат дека во иднина би можело да има насилство и дека 73% од граѓаните сакаат да живеат во заедници во кои доминира нивниот народ.

Истражувањата се вообичаена пракса на ОН

„Вообичаена пракса на ОН е да спроведуваат истражувања во земјите ширум светот кои се однесуваат на економски, безбедносни и политички прашања за да се помогне во процесот на планирање на развојната помош“, вели портпаролот на ОН, Павле Бањац. „Едно од тие истражувања е спроведено ширум БиХ во мај 2013. година, на примерок од 1.500 граѓани“, информира Бањац.

Сенадин Лавиќ, професор на Факулттеот за политички науки во Сараево, вели дека на примерок од 1.500 лица не може да се предвиди идниот тек на општествените случувања во едно општество. „Очигледно е дека истражувањето е претенциозно, дека во смисол на научна релевантност не ги исполнува основните методолошки критериуми, како и дека се обидува да предвидува иднина по пат на псевдонаука“, вели Лавиќ.

Со истражувањето, меѓу другото, се настојувало да се утврди како граѓаните на БиХ би се однесувале во случај на распад на државата. Врз основа на одговорите на 1.500 испитаници се заклучува дека 58,8 отсто Бошњаци, 55 отсто Хрвати и 44,7 отсто Срби веруваат дека не може да се случи мирно разделување во БиХ и дека релативно мал број граѓани би биле подготвени да се „фатат за оружје“ во случај „на закана по целовитоста на БиХ“.

Истражувањето на ОН му е претставено на Управниот одбор на Собранието за спроведување на мирот (ПИК). На претставниците на ПИК им се претставени мислењата на граѓаните за евроатлантски интергации, уставни реформи, како и можна органзиација на БиХ во иднина.