1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пресудите за „Пуси Рајот“ на преиспитување

Младите членки на панк групата „Пуси Рајот“ беа осудени на две години работен логор поради критички настап против рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот Врховен суд одлучи да ги преиспита пресудите.

Врховниот суд на Русија одлучи да ги преиспита пресудите на двете затворени членки на панк групата „Пуси Рајот“ зашто судиите сметаат дека мотивите и семејната ситуација не се земени доволно во предвид. Ваквата одлука на Судот доаѓа само три месеци пред истекот на казните на

Марија Алохина и Надежда Толконикова, кои се затворени во два различни работни логори далеку од Москва.

Одлуката за преиспитување на пресудите се објаснува со немањето докази дека постапката на двете панкерки била мотивирана од верска омраза, како и со непочитувањето на фактот дека тие се мајки на малолетни деца.

Членките на „Пуси Рајот“ беа уапсени додека во катедралната црква „Христос спасител“ во Москва изведуваа песна со осуда на Кремљ, чин што црквата го прогласи за „богохулство“. Во август 2012. година, Алохина и Толконикова беа прогласени за виновни за „хулиганство мотивирано од верска омраза.

Третата членка на групата, Екатерина Самуцевич, која првично беше осудена заедно со нејзините две другарки, лани во октомври беше ослободена, откако поднесе жалба на пресудата.

Според московските аналчитичари, нејзината жалба беше прифатена, а оние на двете други членки на групате беа отфрлени, само затоа што Самуцевич не учествувала во пеењето на песната со која се бараше заминување од власта на претседателот Владимир Путин.

На почетокот од оваа недела, Путин најави донесување на закон за амнестија во Русија, а московските медиуми оценија дека амнестијата ќе ги опфати и дветезатворени членки на „Пуси Рајот“, како и 30-те активисти на Гринпис, кои беа уапсени во реонот на Арктикот, при обид да се искачат на нафтена платформа на руската компанија „Газпром“.