1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пресуда против Македонија во Стразбур

Македонија повторно осудена од Европскиот суд за правата на човекот. Но во случајов не поради извршена тортура, туку дека не била спроведена соодветна истрага за сомневањата дека таа била извршена

default

Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Европскиот суд за правата на човекот, со најновата пресуда го потврди она што стоеше во извештајот на Европскиот Комитет за превенција на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување или казнување (КПТ) на Советот на Европа. Имено, во извештајот објавен во февруари годинава се вели дека во Република Македонија има случаи на малтретирање на лица лишени од слобода од страна на полицијата и дека властите не спроведуваат секогаш соодветни истраги, кога има жалби за тортура. Судот патем забележува, иако притоа не ја осудува во најновиот случај , дека правдата во Македонија не се добива брзо.

Контраверзни верзии

Во предметот Демир Сулејманов против Македонија, бидејќи немаше доволно елементи и затоа што жалителот и македонските власти дале контардикторни верзии за настанот, за да заклучи дека жалителот бил изложен на малтретирање за време на апсењето и притворот, Европскиот суд едногласно одлучи дека врз Сулејманов не е изршена тортура. Но со фактот што не е спроведена соодветна истрага од македонските истражни и судски органи сепак е прекршен членот 3 од Европската конвенција за правата на човекот.

Станува збор за банална истрага на полицијата во која Сулејманов, припадник на ромското малцинство, е обвинет дека во март 1998 година украл овци. Сулејманов во октомври 1998 поднесе тужба со која бара обештетување поради малтретирањето на кое бил изложен од полицијата, но обвинителот заклучил дека ништо не ја оправдува неговата интервенција во случајот. Во „писмениот заклучок“, документ од 13 февруари 2006, обвинителот заклучува дека полицијата не употребила физичка сила при апсењето на жалителот.

Тоа што европските судии и‘ забележуваат на одлуката на македонските судски органи, поточно на обвинителот е дека тој не презел никакви дополнителни истражни мерки по поднесувањето на тужбата од Сулејманов, освен побараните додатни информации од МВР. Од друга страна, „писмениот заклучок“ на обвинителот е донесен скоро осум години по поднесувањето на тужбата, дека неговата одлука била втемелена само врз елементите доставени од полицијата и дека на обвинителот му беа потребни дури осум месеци за да му ја достави својата одлука на жалителот.

Во меѓувреме Демир Сулејманов, роден во 1971 година, почина, но постапката пред Европскиот суд во Стразбур ја продолжија неговите две сестри. Ним Македонија сега треба да им исплати 3000 евра за морална оштета и уште 1000 евра за судските трошоци, колку што им додели Судот од Стразбур.

Треба да се нагласи дека македонските власти работат на подобрувањето на односот на силите на редот кон лицата лишени од слобода и нивните права, за што биле испратени јасни инструкции до сите полициски станици во земјата.