1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пресуда за македонската тужба против Грција на 5 декември

Меѓународниот суд на правдата треба да оцени дали Грција ја прекршила Привремената спогодба со Македонија.

default

Сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во март 2011

Меѓународниот суд на правдата во Хаг на 5 декември ќе ја објави пресудата по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Македонија бара од Судот да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации.

Атина пак, ја базираше одбраната на тоа дека на Самитот во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу земјите-членки, приемот на Македонија во НАТО да се одложи до решавањето на спорот за името.

Пресудите што ги носи Меѓународниот суд на правдата во Хаг се конечни, а за нивното спроведување и почитување надлежен е Советот за безбедност на ОН.

Автор: БГ/миа

Редактор: Симе Недевски