1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пресудата од Хаг - позитивен импулс за надминување на спорот околу името

Правдата е задоволена, властите во Скопје бараат од Грција да ја почитува Времената спогодба што е прекршена со ветото на самитот во Букурешт и блокирањето на Македонија да стане членка на Северноатлантската алијанса.

default

Македонскот државен врв на средба во Скопје

Пресудата е позитивна, таа е стимулативна за надминување на спорот. Македонската влада, во наредните денови ќе преземе дипломатска иницијатива со која ќе ја промовира својата политика на добрососедство и барање, и трети земји да ја почитуваат пресудата од Хаг, изјави на прес-конференција шефот на македонската влада. Времената спогодба е жива, нејзиното значење е потврдено, изјави Никола Груевски. „Оваа пресуда имплицира дека Грција ќе се воздржува од понатамошно противење за членство на Македонија во НАТО. Се надеваме, дека и трети земји што се членки на овие меѓународни асоцијации ќе ја земат во предвид пресудата на Меѓународниот суд на правда, бидејќи и тие споделуваат исти вредности, почитување на правото и правдата. Нема потреба од триумфализам иако има основа за такво расположение“. Премиерот ги повика граѓаните да не создаваат таков амбиент. „Македонија е подготвена да ги продолжи разговорите околу изнаоѓање прифатливо решение за разликите околу името“.

NO FLASH Den Haag Internationaler Gerichtshof

Судот во Хаг

Инсистирањето на почитување на Времената спогодба како да ја обликува идната стратегија: старт на преговорите со ЕУ и пред самитот на НАТО во Чикаго, шансата за прием во НАТО да се бара преку примена на референцата ФИРОМ. „Република Грција треба да го поддржува нашето интегрирање во меѓународните организации во согласност со Времената спогодба", изјави шефот на државата по состанокот на државниот врв, на кој присуствуваа и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски. „Македонија ја нема прекршено Времената спогодба. Таквиот одговорен однос е трајна определба на Република Македонија. Ние и натаму целосно ќе ја почитуваме Времената спогодба. Конструктивно како и досега во добра верба ја почитуваме рамката во која се водат разговорите под покровителство на ОН и ќе учествуваме во процесот со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение“, потенцираше Иванов.

Црвенковски: клучниот проблем, решение на проблемот околу името останува

Wahlen in Mazedonien

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски

Пресудата во Хаг е морална победа за Македонија, но таа не го решава клучниот проблем, решение на проблемот околу името и прием на Македонија во НАТО и во ЕУ, оцени лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во интервју за 24 вести.

„Пресудата секакако е за поздрав, но таа има само морална димензија. Судот се прогласи за ненадлежен да ја примора Грција во иднина да не не’ блокира во нашите интеграции. Значи, клучниот проблем останува, а тоа е решение на спорот околу името. Како што повтори и американскиот амбасадор, ставот на НАТО останува непроменет. Прво решение на името, па потоа влез во Алијансата“, истакна Црвенковски. Лидерот на СДСМ исто така, посочи дека пресудата на Судот во Хаг е целосна сатисфакција за неговите одлуки и политики во 1995 година. „Оваа пресуда потврди дека Времената спогодба, која во тоа време ја потпиша владата на СДСМ е навистина документ кој ги штител националните интереси на државата. ВМРО-ДПМНЕ тогаш не гласаше за Времената спогодба и ја прогласи за национално предавство", посочи првиот социјалдемократ.

Поделени ставови околу прасудата меѓу албанските партии

„Сметам дека во оваа ситуација нема победничка страна. Ние со Грција сме соседи и треба да се продолжат разговорите за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за спорот околу името. Наша проценка е дека нема победници во оваа одлука туку треба да се фокусираме како да се реши ова прашање“, рече Али Ахмети, по средбата со Еди Рама шеф на опозицијата во Албанија кој е во дводневна посета на Македонија.

Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland vor Internationalem Gerichtshof in Den Haag

Македонија поднесе тужба во Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Лидерот на ДПА, пак, Тачи е скептичен дека пресудата позитивно ќе придонесе во евроатланските аспирации на Македонија. „Не се согласувам со вакви еуфорични атмосфери што ги создава владата. Јас уште еднаш би укажал да се искористи позитивната клима да се реши овој проблем. Не треба да криеме некои работи, ако има избори во Грција и ако случајно победи Самарас или Караџаферис шансите ни се катастрофални", изјави лидерот на опозициската ДПА.

Волерс: прво решение за спорот за името, па членство во НАТО

„Ставот на НАТО е познат. Македонија ќе може да стане членка на НАТО кога ќе се реши прашањето со името. Сега е вистинското време лидерите на Македонија и на Грција да вложат дополнителни напори и да го решат ова прашање“, се огласи амбасадорот на САД, Пол Волерс. САД силно ги поддржуваат напорите на Обединетите нации, на посредникот Метју Нимиц, да се реши ова прашање. „Ние ја даваме нашата поддршка колку сме во можност да го разрешиме ова прашање во бенефит на двете земји“, додаде Волерс.

До Брисел преку компромис

Дел од експертската јавност со јасно предупредување - без триумфализам, нема потреба од создавање на амбиент на победа. Патот до Брисел води само преку компропис околу спорот за името. Но, се чини дека во Скопје и Атина засега нема

Slobodan Casule Aussenminister Mazedonien 2001 bis 2002

Слободан Чашуле

подготвеност за важни одлуки на политичките елити, велат за ДВ екс-министерот Слободан Чашуле и Стево Пендаровски, универзитетски професор и шеф на партискиот совет за безбедност на СДСМ.

„Онашто преостанува е да се создаде политичка волја, како во НАТО, така и во ЕУ, да и’ се укаже на Грција дека е и во нејзин интерес да ја прифати Република Македонија, со прифаќање на Времената спогодба, која сега вторпат е меѓународно верификувана, да ги почне и финализира своите интегративните процеси, а во меѓувреме, како што се обврзани со Времената спогодба, Република Македонија и Грција да продолжат со разговорите за името", вели Чашуле.

„Претпоставувамдека пресудата на Меѓународниот суд во Хаг е таква каква што очекуваше државниот врв. Значи, констатирано е дека Грција не била во право во 2008-ма, меѓутоа никакви други облигации за во иднина не и беа наметнати на таа држава. Но, најважната работа што државниот врв на Македонија сега мора да ја каже, да ја одговори е – што Македонија понатаму ќе прави, за да ја валоризира ваквата пресуда од Хаг. Поточно, каков политички бенефит евентуално може да очекува Македонија, затоа што доби пресуда која горе – долу е по нејзина мерка", изјави за Дојче веле професорот Стево Пендаровски.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска