Престрелки на границата на Јужна и Северна Кореја | Вести | DW | 06.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Престрелки на границата на Јужна и Северна Кореја

*

На границата меѓу Јужна и Северна Кореја дојде до престрелка меѓу војниците на двете земји. Според агенциски извештаи повредени нема. Севернокорејските војнци пукале врз стража која се наоѓала во демилитаризирана зона, на што возвратиле јужнокорејските војнци. Меѓународно – правно двете Кореи се наоѓаат сеуште во кризна состојба бидејќи не е потпишан мировен договор по завршувањето на корејската војна во 1953 година.