1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Престрелки меѓу Израел и Либан

Меѓу Израел и Либан утрово дојде до престрелки во пограничната област. Израел реагираше на истрелувањето ракети од јужниот дел на Либан, при што нема жртви и материјална штета.

Од јужниот дел на Либан кон северниот дел на Израел утрово биле испалени две ракети. Тие експлодирале во близина на градот Кириат Шмона, на празен простор, како што соопшти израелската армија. Портпаролот на полицијата Мики Росенфелд изјави дека нема човечки жртви, ниту материјална штета. Нејасно е кој стои зад најновиот напад. Израел меѓутоа непосредно потоа истрелал најмалку 20 гранати врз јужен Либан, како што тврдат либанските безбедносни сили. Израелската армија пак призна дека само реагирала на истрелите од Либан.

На границата меѓу Либан и Израел долго време беше мирно, по 34-дневната војна која во 2006. година ја водеа либанската милиција Хезболах и израелската војска, а во која загинаа стотици луѓе, првенствено либански цивили.

Во август оваа година од Либан беше стрелано кон Израел, на што израелската армија одговори со воздужен напад врз палестински логор јужно од Бејрут. Кон средината на декември тензиите повторно пораснаа, откако на границата либански снајперист уби еден израелски војник.