1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Престанете да зборувате, почнете да садите!

Три години по почетокот на иницијативата „Садете за планетата“, Феликс Финкбајнер и неговите соученици постигнаа голем успех: само во Германија се засадени дополнителни 1 милион дрвја за спас на климата.

default

Феликс Финкбајнер сади дрва со други ученици

Децата се амбасадори на климата: тие стартуваа иницијатива за спас на климата во светот: „Престанете да зборувате, почнете да садите.“ На почетокот од мај во просториите на хотелот Петерсберг во Бон се собраа 45 министри за екологија од целиот свет. Надвор пак беа собрани околу 200 деца. Тие се дел од иницијативата на учениците од целиот свет „Садете за планетата“.

По еден милион дрвја во секоја земја

Felix Finkbeiner mit Mitgliedern der Duisburger Plant for the Planet Akademie

Учениците од движењето „Садете за планетата“

„Во секоја земја во светот сакаме да засадиме еден милион дрвја. Денес овде на ридот Петерсбург ќе го засадиме милионитото дрво во Германија.“, објаснува Феликс Финкбајнер. Пред три години тој дојде на идеја, децата да засадат по еден милион дрвја во секоја земја, за заштита на климата.

Феликс Финкбајнер ја претстави својата идеја во училиштето: „Во моето одделение требаше да држам реферат за климатските проблеми. Кога го подготвив рефератот открив дека Вангари Матаи, една жена од африканската земја Кенија, за 30 години засадила 30 милиони дрвја. Додека зборував спонтано предложив да засадиме по еден милион дрвја во секоја земја во светот.“

Глобален план за пошумување

Deutsche Welle Global Media Forum 2010

Дојче Веле Глобал Медиа Форум 2010

Во меѓувреме децата садат дрвја за заштита на климата во 72 земји. 12-годишниот амбасадор за климата Финкбајнер на 21 јуни ќе ја отвори конференцијата „Global Media Forum“, заедно со пионерот на соларните летала Бертранд Пикар. Таму Финкбајнер можеби ќе се сретне со Херман Шер. Пратеникот од СПД во Бундестагот е носител на алтернативната Нобелова награда, покрај тоа и претседател на светскиот совет за обновливи енергии, а исто така учествува на „Глобал Мадиа Форум“. Шер е убеден дека во борбата против климатските промени, покрај масивното создавање обновливи енергии мора да се отстрани јаглеродниот диоксид од атмосферата. Шер има исто мислење како ученикот Финкбајнер: „Тоа не е можно со технички средства, туку само со еден обемен, глобален план за пошумување. Со пошумувањето може да се намали количеството на јаглеродниот диоксид.“

Медиумите имаат свој придонес

Felix Finkbeiner

Феликс Финкбајнер сака да ја спаси климата

12-годишниот амбасадор за климата се сретна со пратеници во парламенти, режисери, авантуристи, кинески активисти за заштита на климата и претприемачи со соларна енергија. Ралф Нолтинг е раководител на „Дојче веле Медиа Сервис“, кој раководи со "Глобал Медиа Форум" и организира вкупно 50 манифестации во три дена:

"’Глобал Медиа Форум’ е меѓународен, интердисциплинарен и интерактивен самит. Тоа значи дека собираме повеќе учесници од науката, политиката и се разбира од медиумите, сепак тоа е медиумска конференција, со учество и на меѓународни и невладини организации, и дискутираме какви проблеми има и како да се решат. На кој начин медиумите може да придонесат да се обелоденат проблемите и решенијата за нив, и со тоа да се изврши поголем притисок од јавноста на оние кои одлучуваат, односно политичарите.“

Учениците се амбасадори на климата

Klimadialog Petersberg bei Bonn

Петерсбершкиот дијалог за климата во Бон

Имено токму во тоа е проблемот, како што покажуваат анкетите за климатските промени спроведени со 13.000 испитаници во 18 земји. Тие беа спроведени од Институтот за истражување на пазарот Синовате во соработка со Дојче веле. Интендантот на Дојче веле Ерик Бетерман истакна еден особено иритирачки резултат: „Моравме да заклучиме дека постојат сознанија за последиците од климатските промени, но дека расте бројот на оние кои мислат дека тоа и не е толку страшно. Нивниот број изнесува 10 проценти. “

Феликс Финкбајнер и натаму се обидува да ја спаси климата. Заедно со неговите приврзаници издаде книга, патува низ светот, се среќава со познати личности, настапува во парламентот и сади дрвја. Херман Шер вака ја објаснува неговата мисија: „Мисли глобално, дејствувај локално. Тоа е дејствување со глобална одговорност.“

Учениците од целиот свет се обединија под мотото: „Да, ние можеме, ние садиме!“

Автор: Ненси Ваја/Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска