1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Преселба или бегство на капиталот од Европа!?

Американските концерни повлекуваат стотици милијарди долари од странство и ги враќаат дома во САД. Тоа чред се се случува со парите кои се заработени во Европа. Компјутерскиот гигант Ај Би Ем минатата недела најави дека профитот во износ од 9 милијарди долари ќе го префли во САД. Јенс Корте објаснува зошто и како се случуваа оваа преселба или бегство на капиталот

Синџирот за брза храна „McDonalds„

Синџирот за брза храна „McDonalds„

Што е заедничко меѓу производителот на Барбика, Мател, на градежните материјали Катерпилар, Пепси Кола, Мекдоналдс и фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон? Сите овие концерни повлекуваат милијарди од својот профит во странство и го вложуваат дома во САД. Оваа година американската влада во рамки на програмата за репатриација, фирмите кои го враќаат капиталот дома, ги награди со огромни даночни олеснувања.

Џонсон и Џонсон беше првиот концерн кој ја прифати оваа примамлива понуда и веќе од почетокот на годинава во САД врати 11 милијарди долари заработени во странство. Водечки на сипсокот е најголемиот фармацевтски концерн во светот Пфајзер со ури 37 милијарди долари вратени во САД!

Дејвид Коток, ветеран на Вол Стрит проценува дека само акционерските друштва во САД префрлуваат профит во износ од 500 милијарди долари:

„Со ова доаѓаат и стотици милијарди долари од претпријатијата чиј мнозински капитал е во приватна сопственост, како на пример Карџил или Марс„

Оваа единствена акција во САД се нарекува и како мерка за создавање нови работни места. Законодавецот кој одобри огромни даночни олеснувања сметаше на околу половина милион нови работни места, Меѓутоа според најновите проценки, бројката ќе изнесува максимални 120 илјади.

„ Имав впечаток дека администрацијата на Џорџ Буш на почетокот беше против ова„ вели Дејвид Коток кој објаснува како заживеала оваа програма:

„ Моќта на лоби груpите на концерните доведе до тоа, иницијативата од Белата Куќа беше помала„

Коток смета дека лобистите на американските концерни го направиле интересен планот кај законодавците. Мотивот за созадавање нови работни места протиа беше во втор план. Голем дел од парите кои се враќаат во САД ќе бидат вложени во развој но и во програма за откупување на акции, што значи дека на крај ќе ги полнат џебовите на инвеститорите на Вол Стрит.

Се поставува прашањето што занчи повлекувањето на капиталот за Германија и Европа?

„ Европа има многу ниска стапка на економски пораст. Затоа многу фирми се решаваат на повлекување на капиталот бидејќи САД и другите делови од светот нудат подобри можности за инвестирање„

Така парите кои се повлекуваат од Европа, значи и од Германија, ќе бидат инвестирани на пример во Азија. Роберт Бергман, преставник на германската индустрија во Вашингтон смета дека мерката е нормален процес:

„ Да имаа можности за експанзија во Европа и Германија сигурно ќе останеа таму и немаш да се повлекуваат„

Бергман и Коток сметаат дека германските политичари и пчретпријатија треба да се вклучат во игра и да го сторат она што е потребно, за да ги задржат американските концерни и нивните пари.