1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пресврт во случајот Строс Кан

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс Кан денеска со одлука на судот во Њујорк е пуштен од домашниот притвор. Обвинителството претходно дало согласност за тоа.

default

Доминик Строс кан излегува од судницата во Њујорк

Обвинителите, кои го водат процесот против поранешниот шеф на ММФ се согласиле да го ослободат од домашниот притвор без кауција. Тие имено имаат растечки сомневања околу кредибилитетот на нивниот главен сведок, собарката која го обвини 62 годишниот Строс - Кан дека сексуално ја злоставувал во неговиот хотелски апартман на Менхетен во мај годинава, известија претходно весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон Пост“.

USA Frankreich IMF Dominique Strauss-Kahn unter Hausarrest in New York Polizeiauto

Апартманот во Менхетен каде Строс Кан го минува домашниот притвор

Иако форензичките тестови нашле недвосмислен доказ за сексуален контакт меѓу францускиот политичар и тужителката, обвинителите сега не веруваат во повеќе од наводите на наводната жртва, што таа ги дала во текот на истрагата, како за околностите, така и за себеси. Тужителката во неколку наврати дала лажни податоци, изјави за „Њујорк Тајмс“ еден добар познавач на случајот. Освен тоа на нејзиното конто во меѓувреме пристигале во повеќе наврати големи суми пари. Строс Кан постојано ги отфрлаше обвинувањата против него, но сепак мораше да се повлече од раководното место во ММФ. Тој исто така важеше и за најсериозен против кандидат на францускиот претседател Никола Саркози на претседателските избори во Франција, што треба да се одржат наредната година.

Автор: СН/ГЧ/ртр/миа/дв

Редактор: Горан Чутановски