1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пресврт во светската економија

Одамна не е тајна дека Источна Азија, покрај САД е новиот гравтицаионен центар на економијата. Кина, и од пред неколку години Индија, значително партиципираат во меѓународната поделба на трудот. Во наредните години таму во работна релост ќе се појавата дополнителни 100 милиони луѓе кои ќе бараат работа.

Што значи тоа во споредба со старите економии како јапонската или германската? Дали светскиот првак во извоз Германија е и светски првак во извозот на работни места? Дали намалувањето на платите и префрлањето на работните места е соодветниот одговор за новата конкуренција од Источна Азија?

Кога од професор Маркус Таубе, директор на институтот за источно-азиски студии на универзитетот во Дусибург се бара да одржи предавање за Кина, нему му е потребен само еден графикон. На хоризонталната оска се наоѓа време, на вертикалната може да се стави се што се сака: странски инвестиции, извоз, увоз, брутонацинален производ, а кривата постојано покажува нагоре. Неговата теза е дека Кина е далеку понапред од она што се знае во јавноста:

„Тоа го гледаме во извозните структури на Кина. Тие ни покажуваат дека таа е јасно преку статусот на земја која може да извезува само работно-интензивни производи. Технолошкиот удел на кинескиот извоз е многу поголем отколку што мислиме. Како краен резултат и многу повисок од извозот на многу источноевропски држави„.

Од 1992 година капитализмот во Кина и официјално е во согласност со марксизмот – ленинизмот, од 2001 земјата е членка на Светската трговска организација, а од минатата година приватната сопственост во кинескиот устав е рамноправна со државната. Сето ова, за само неколку години ја катапултираше земјата на врвните позиции во светската економија: во извозот зад Германија, САД и Јапонија на четвртото место, во увозот зад САД и Германија, на третото. Маркус Таубе е убеден дека растежот во Кина и во наредните години ќе биде долгорочен и стабилен:

„Овој растеж е следен од два импулса на побарувачка: на една страна е внатрешно-пазарната побарувачка, а бидејќи буџетот е презаситен, тоа е нов импулс за побарувачката што го турка напред кинеското стопанство. Дополнителен импулс е побарувачката од светот што се должи и на влезот на Кина во Светската трговска организација со што паднаа повеќе бариери и ја вклучија Кина и во меѓународната поделба на трудот. И уште еден позитивен ефект: постојаното индустриско напредување како резултат на големиот прилив странски инвестиции во нови технолгии и воведувањето нови производни методи„.

Со други зборови: Кина веќе одамна не е само светска банка за производство на едноставни индустриски производи, туку се повеќе му конкурира на Запад и тоа за неверојатни цени. Еден час работа таму чини 80 американски центи, а во САД 21, додека во Германија 30 долари.

Кинескиот источен сосед се вика Јапонија: стара зрела економија што ја поврзуваат многу паралели со Германија,вели Вернер Паша, професор на универзитетот во Дуисбург:

„Јапонија има многу висок приход пер-капита, со население кое во меѓувреме многу бргу старее, од што пак, се јавуваат проблеми на пазарот за работа. Дали е можно постарите и натаму да се образуваат за да бидат во состојба да работат со новите технологии? Тоа го става под притисок развојот на производството. Втор проблем е што остареното население веќе не става на располагање нова работна сила што ќе може да го дополни економскиот растеж. Значи, проблеми што доволно ги познаваме овде во Германија„.

Порано се зборуваше за тријада: САД, Јапонија, Европа. Денес Јапонија не е на насловните страници, односно веќе не е економска тешка категорија. Стапките на пораст во Кина се многу пофасцинантни. Кина ја менува рамнотежата во светската економија:

„Кога зборуваме за сфери на влијание, тогаш е сигурно дека Кина во моментов е третиот столб на тријадата, покрај Јапонија, и добива на тежина. Се размислува Кина да биде поканета и во Групата 7 и тоа може бргу да се случи„.

Новиот центар на гравитација ќе одбие уште повеќе на тежина со уште еден актер на меѓународната сцена, имено Индија. Петер фон Гурецки-Корниц во Хиповерајнсбанк со години е надлежен за азискиот регион:

„Индија оствари феноменално отворање. Би рекол дека од 2003 потврди дека сега прави многу во инвестирањето во инфраструктурата. Се градат нови автопати и железнички пруги, аеродромите и пристаништата се приватизираат, многу се инвестира во градежништвото, што е добро за Германија, зашто во Азија сега посебно се гледа на квалитетот. Приватниот Индус или Кинез кој вози БМВ, тој сака кран или багер што нема да бидат копија од Кореја, туку сака оригинал, а тоа се производи од Швајцарија, Австрија или Германија„.

Гурецки-Корниц не го споделува страхувањето на многумина Германци дека работните места ќе бидат загубени во Источна Европа и во земјите на Источна Азија:

„Ние работиме во високо-индустриски подрачја каде што факторот трошоци за плати веќе не ја игра истата улога како пред 10 години. Тоа значи: дали еден ауди-мотор ќе биде правен во Германија, Кина или Унгарија е повеќе прашање на рамковните услови и тука можам да кажам дека Кинезите не успеваат да направат мотор. Но, затоа тоа го прават во Унгарија, но таму не станува збор само за трошоците за плати, туку за даночните услови и милам дека на тој план се прашува политиката која не смее да дозволи меѓусебна конкуренција во проширената ЕУ, туку мора да постои единствена политика„.

Фактот дека Германија на пример, многу инвестира во Кина, не смее да се посматра како показател за извоз на германски работни места во источна Азија или во Источна Европа, смета Гурецки-Корниц:

„Инвестираат таму, но во прв ред за да си обезбедат добра позиција на локалните пазари. Сигурно дека хендите што ги прави Сименс во Кина се продаваат во целиот свет, но не познавам ниту еден пример за кој може да се каже: оваа германска ивестиција во Кина предизвика намалување на работните места овде„.

Експертите сметаат дека на предизвикот на Источна Азија не треба да му се одговара со пониски плати и подолго работно време. Маркус Таубе, стручњак за Кина вели:

„Тоа не може да функционира. Германија во никој случај не може така да и конкурира на Кина. Тоа никогаш нема да биде можно. Германија мора да одмери каде се наоѓа нејзината предност и тоа да го помага, а не да се обидува од социјално-политички причини да спасува индустрии што изумираат. Тоа значи преструктуирање и усогласување со новите економски структури во светот„.