1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пресврт во борбата против талибанците во Авганистан

Командантот на силите ИСАФ во Авганистан, Стенли Меккристал, ќе презентира извештај за примената на новата стратегија на НАТО во оваа земја. Таа треба да овозможи мисијата на Алијансата да тргне по успешен курс.

default

Шефовите на држави и влади на самитот на НАТО во Стразбур и Кел, на почетокот на април, дадоа зелено светло за новата стратегија во Авганистан, која беше изработена од американската влада. Од новиот командант на силите на Алијансата во оваа земја, генералот Стенли Меккристал, беше побарано да ја предложи конкретната примена. Oваа недела неговиот извештај го очекуваат во Брисел.

Избегнување цивилни жртви

Притисокот е огромен: оваа година досега е најкрвавата во Авганистан од падот на талибанците во 2001 година. ИСАФ- трупите се во дефанзива кај населението, не само поради се‘ поголемиот број цивилни жртви. Сега треба да следи пресврт. Меккристал пред неколку дена за ББС изјави:

„Мораме нешто да корегираме во досегашниот начин на работење, истовремено да бидеме порешителни и понекогаш поитри за да го направиме вистинското“.

Тој веќе нареди нови правила во борбата против талибанците и другите бунтовници, кои предвидуваат заштита на луѓето, зашто цивилните жртви се сметаат за сопствен пораз, предупредува Меккристал:

„Ќе победиме ако на наша страна имаме доволно Авганистанци.“

Anschlag auf ISAF-Tanklastwagen 2

НАТО треба да ја освои довербата на населението во Авганистан

На потег се Европејците Стратегијата за Меккристал во практика значи успех на долг рок. Селата ослободени од талибанците мора и да се зачуваат, во нив да се формира полициска станица и управни структури. Затоа командантот на ИСАФ бара обука на авганистанска полиција и управа, а барањето е пред се‘ упатено до Европејците, а со тоа и до Германија. Обуката на полицијата оди побавно отколку оспособувањето на војската. Германија, во моментов, има 120 инструктори за обучување полицајци во Авганистан, а бројката треба трикратно да се зголеми следните години за да се задоволат барањата на Меккристал, смета еден дипломат на НАТО.

Европејците со години бараат во преден план да биде цивилната обнова во Авганистан, сега тие треба и да го овозможат тоа. Меккстристал не споменува испраќање дополнителни трупи. Американците веќе ги зголемија своите трупи во Авганистан, а ќе следат и нови засилувања.

Автор: Михаел Гетшенберг / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска