1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Преполовен бројот на азиланти од Македонија

Бројот баратели на азил во Германија е зголемен и во 2011-та година бил на највисоко ниво во последниве осум години. Прогнозираниот бран бегалци од Африка изостана, намален е бројот азиланти од Македонија и од Србија.

default

Расте бројот баратели на азил во Германија

Лани, според податоците на германската Сојузна служба за миграција и бегалци, во земјата азил побарале вкупно околу 46 илјади лица, што е за 10,7 проценти повеќе од претходната година.

Најголем број од барателите на азил се од Авганистан-7800, следуваат Ирак-6000, Србија-4600, Иран-3300, Сирија и Пакистан со по 2600 баратели на азил. Од Македонија лани азил во Германија побарале 1130 лица, што е нешто помалку отколку од Косово-1400. Притоа, бројот азиланти од балканските простори е намален: од Србија за осум проценти, од Македонија дури за 54 насто, а од Косово за 13,6 проценти.

Symbolbild Asylbewerber Asyl Migranten Asylant Asylantenheim

Прифатен камп за азилантите во Бранденбург

Додека барателите од земјите на „Арапската пролет“ можат да се надеваат на позитивен исход на барањето за политички азил, за оние од Србија и Македонија ситуацијата е поинаква. Барањата на овие лица по правило се одбивани, а се работи главно за Роми. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих изјави неодамна дека „барателите на азил од Србија очигледно не можат да бидат третирани како прогонувани лица“, нивните барања се „одбивани во кратка постапка, заради скратување на нерегуларниот престој во Германија и заради минимизирање на со тоа поврзаното оптоварување на јавните буџети“.

Германската организација за заштита на човековите права „Про азил“ меѓутоа истакнува дека Ромите во многу источноевропски држави не се безбедни поради десноекстремистички напади. Освен тоа, тие не се само сиромашни, туку „целосно исклучени од социјалниот живот во општетсвото“. Бернд Месовиќ од оваа организација препорачува не само министерот Фридрих, туку и другите политичари во западна Европа „подобро да се запознаат со ситуацијата на теренот“.

Flüchtlinge Migranten Zentrale Ausländerbehörde Chemnitz Nordafrika

Бегалци од северна Африка

И германското министерство за внатрешни работи гледа „големи проблеми“ во животните услови на Ромите, како што истакнува Хендрик Лергес за Дојче веле. Заради тоа не е пожелна паушална оценка за потребата од заштита на барателите на азил од Србија, туку проверка на секој поединечен случај.

„Ниската стапка на прифатени барања за азил од српски државјани не кажува ништо повеќе или помалку, отколку дека кај оние лица кои допатувале во Германија ретко постојат причини за давање азил“, вели Лергес.

Автор: ЖА/Михаел Гесат/дв/бамф

Редактор: Е.М.Фиданоска