1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Преповторени пораки од Брисел: решете го побрзо името!

Комисијата за надворешни работи на ЕП ги изгласа амандманите на извештајот на известувачот за Македонија, Зоран Талер. Тој призна-пораката за дестабилизација на земјата, ако не се реши проблемот со името, е реалност.

default

Европскиот парламент во Брисел

Извештајот идниот месец ќе се усвојува на пленарна седница на Парламентот.

Главната порака на пратениците во Брисел останува дека Македонија треба да ги насочи сите сили кон решавањето на проблемот со името.

Известувачот Талер призна дека вчерашната порака на евроамбасадорот во Скопје, Ерван Фуере, за можна дестабилизација на Македонија ако не се реши спорот со името, е реалност од која не смее да се бега:

“Ова е прашање за кое се плашам дека ако го отвориме може да предизвика непожелни работи, но ако зборуваме транспарентно, да, мислам дека има ризик. Не затоа што сум параноичен, туку затоа што ова е нешто што веќе се случи во Македонија пред речиси една декада. Оттогаш го имаме Охридскиот договор и работите се речиси доста стабилни, но сите во регионот сме свесни дека постои ризик. Ова е повикот на Парламентот за одговорност, што го искажуваме во извештајот, сите земји, етнички заедници, влади, ако се случи нешто во Македонија, тоа ќе има реперкусси не само во регионот, туку и за цела ЕУ.“

Europa Mazedonien

Ризик процесот за името пред ОН да трае уште 20 години

Грчките пратеници го критикуваа извештајот на Талер затоа што не им дава доволна важност на преговорите кои се водат во ОН.

Известувачот денеска објасни:

“ Сите знаеме дека има процес под покровителство на ОН, и нема ништо лошо во тоа, и на крајот договорот ’де јуре’ ќе биде постигнат во тие рамки, но сите знаеме дека што почести билатерелни контакти и инволвираност на разните авторитети е важно, инаку ризикот е процесот под ОН да трае уште 20 години.“

Во резолуцијата се бара од ЕУ да и‘ додели датум на Македонија во март 2010-та, а од Македонија се бара да го реши спорот за името.

Дипломатите во Брисел сметаат дека е тешко изводливо да се добие датум за преговори во март, поради изборите во Грција, а и прекусиот период за постигнување компромис за името.

Во секој случај, Талер смета дека шпанското претседателство има огромна одговорност во овој период кон ова прашање.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM