1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Преоден буџет„

Коментар на Карл Завадски

Германскиот парламент вчера го усвои првиот буџет на гоелмата коалиција. Едно е јасно: осека во државната каса. Тоа е поврзано и со кунјунктурната слабост, меѓутоа проблемите се повеќе од структурен вид. Тоа значи: трошоците се високи. Половината од нив се за социјалата. 30 насто истекуваат во законското обезбедување на пензиите. Кон тоа и давачките што резултиараат од високата невработеност, како и енормните камати за исплаќање на планината долгови што со години расте. И во оваа година Германија ќе го прекрши критеримуот за дефицит во буџетот што произлегува од пактот за стабилност на еврото. И во оваа година ќе биде прекршен уставот, зашто долговите ќе бидат поголеми од инвестициите. За министерот за финансии Пер Штајнбрик буџетот 2006 е преоден буџет. Всушност, овој министер е на функција само 100 дена и не можеше да направи пресврт. Тој се очекува во наредната 2007 година. Тогаш ќе биде зголемен и данокот на додадена вредност, од сегашните 16 на 19 проценти. Во државната каса ќе се влеат повеќе пари – од џебот на граѓаните. Наликува дека ќе биде добро, ако владата се осмели на уште еден значаен потег: да ги намали субвенциите.

Карл Завадски