1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Премногу Германци заработуваат едвај минимална плата

Само во Литванија има повеќе работници кои, со оглед на вкупниот приход, заработуваат минимална плата. Станува збор за релативен износ, но и покрај тоа ова прашање станува жешка тема пред изборите во Германија.

Да работие во Германија не значи дека и добро ќе заработите. Според истражувањето на Институтот за истражување на пазарот на труд, кој е дел од Сојузната германска агенција за вработување, во тој поглед Германија е падната зад Кипар, Бугарија, Велика Британија и Полска. Според тоа, секој четврти работник или повеќе од 7 милиони граѓани во Германија заработуваат под износот кој може да се смета за минимален приход.Тој минимален приход се одредува со две третини од статистичката средина меѓу половина лица кои заработуваат повеќе и половина вработени кои земаат помала плата.

На прв поглед изгледа многу

Gebäudereiniger

Жените, младите, странците и хонорарците се’ почесто се на дното на лситата со плати

Во апсолутен износ би можело да изгледа дека во Германија и натаму добро се заработува, бидејќи границата за минимален приход е 9,54 евра од работен час. Но, тоа е бруто износ од кој се одбиваат давачкките за социјално и здравствено осигурување, данокот и другите одбитоци. Подобро од Германија се заработува во Австрија, каде прагот е 9,76 евра, како и во скандинавските земји: Финска (11 евра), Шведска (12,13 евра) и Данска (15,80 евра).

Колку помалку граѓани паднат под таа граница, толку повеќе се смета дека општеството е праведно – односно, што повеќе луѓе да заработуваат околку националниот просек. Тука спаѓаат земјите како Данска, Финска, Белгија, па дури и Италија, каде таа стапка е некаде околу 10 проценти. Европскиот просек е околу 15 проценти и тука спаѓаат земји како Словенија, Унгарија или Австрија.

Една од главните причини за лошата положба на Германија во ова истражување е што во неа има се’ помалку постојано вработени лица и тоа со полно работно време. Како што истакнува раководителот на истражувањето Томас Рајн, тој тренд почнал уште во 90-те години на минатиот век, а со оглед на тоа што дури сега се обработени податоците за 2010 година, многу е веројатно состојбата во меѓувреме да станала уште полоша.

Жени, странци, хонорарци синдикатот спие

Во делот на вработените на неопределено време, значи не сметајќи ги хонорарците и вработените кои немаат полно работно време, состојбата во Германија е нешто подобра, но и натаму значително полоша од просекот во ЕУ. Рајн нагласува дека затоа се’ помалку вработени се опфатени со колективниот договор меѓу работодавачите и синдикатот за висината на платата. Во 1996 година тој на западот од Германија опфаќал 70 проценти од вработените, а во 2012 година предностите од тој колективен договор ги чувствувале само 53 проценти од вработените.

Bildergalerie : Sommer / Abkühlung

Ниту квалификацијата за некоја струка не е гаранција за добра заработувачка

Сликата е уште полоша кога ќе се погледне кој во Германија заработува многу помалку од просекот. Тоа се жените, младите и странците. Дури ниту добрата школска спрема не е гаранција за добра заработувачка во Германија. Дури 80 проценти од лицата кои заработуваат минималец имаат завршено училиште за занает или некоја школска спрема, но од статистиката не може да се види дали тие работат во струката за која се образувале.

Добра тема пред избори

Оваа тема им е добредојдена на германските опозициски социјалдемократи пред септемвриските избори. Лидерот на СПД Зигмар Габриел вели дека ова „е потврда за лошата состојба во Грманија“, како и дека во оваа земја мора „да важи начелото дека за добра работа се добива и добра плата“. Ова е и уште еден аргумент за СПД да се одреди минимална плата, која би важела за сите професии и во целата земја, но и да се донесе закон со кој би им се гарантирал истиот приход и на мажите и на жените, постојано вработените и оние кои се само „позајмени“ на тоа работно место. Габриел тврди дека тоа не може да се постигне со владата на канцеларката Ангела Меркел. Но, многу прописи кои овозможија ниски плати и несигурност на работните места се од времето на социјалдемократскиот канцелар Герхард Шредер.