1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Премиерот Лета ја доби довербата од Парламентот во Рим

Новиот италијански премиер ја поднесе првата владина изјава пред Парламентот во Рим. Во 45 минути на Италијанците им го изнесе неговиот план за излез од кризата. Пратеничкиот дом му изгласа доверба на премиерот.

Италијанскиот премиер Енрико Лета ја доби поддршката од пратениците во Претставничкиот дом во Рим. По владината изјава широко мнозинство во понеделникот вечерта даде зелено светло за анти-кризната програма на Лета. 453 пратеници му изгласаа доверба, 153 гласаа против. За 46- годишниот Лета и неговата голема коалиција тоа беше првата парламентарна пречка. Денеска гласање доверба ќе има и во вториот дом на италијанскиот Парламент, во Сенатот.

Пред гласањето на доверба премиерот Лета ја претстави опсежната владина програма против економската криза на земјата и закочувањето на реформите. Освен внатрешните реформи тој силно се заложи за Европа како и за заедничко поттикнување на економскиот пораст.

„Без Европа ќе загубиме се’“, рече Лета. Политиката на порастот во времиња на криза не треба уште долго да чека. Ако во Италија само се штеди, земјата ќе умре, предупреди Лета.

Новиот италијански премиер имено се залага за стопански пораст како излез од економската криза. ЕУ би морала да го поттикне порастот, без да се загрози санирањето на буџетите.

Лета најави и радикална реформа на институциите и на политиката како и финансиска дициплина во земјата. Тежиште во неговата владина изјава беа намалувањето на трошоците, како и мерките за намалување на невработеноста.

Попладнево Лета веќе планира да отпатува во Берлин на средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Наредните денови Лета планира и посета на Брисел и Париз.