1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Премиера на новата банкнота од 5 евра

Од денеска (02.05) во оптек е пуштена новата банкнота од 5 евра. Најголемата разлика се приметува кога ќе се земе в раце: таа е премачкана со специјален лак. Ова е почеток на систематската промена на сите евро-банкноти.

Малубројните кои веќе првиот ден ја добиваат новата „петка“ в раце, која гувернерот на Европската централна банка (на насловната фотографија) ја потпиша уште лани, ќе забележи колку многу сличности има таа со старата. Но, постојат и бројни разлики: износот на апоените не е веќе на темната заднина на античката градба, решение на кое искусните графичари се чудеа уште од појавата на првите евра, туку бројката 5 е речиси на средината на банкнотата. На нејзиното старо место се наоѓа нешто посложена калиографска лента на која е и главата на античката божица Европа. Затоа и новата серија банкноти на еврото која ќе ја замени старата се вика „Серија Европа“.

Некои промени беа нужни: кратенката за Европската централна банка не е истакната само на пет, туку на девет јазици на земјите кои го имаат воведено еврото. Толкуте знаци некаде мораше да се „настискаат“, па сега и тој тапис е поставен вертикално. Освен тоа, досега само апоените со поголем износ беа печатени во т.н. прелив, боја која се менува во зависност од аголот од кој се гледа. Сега и „петката“ доби таква сразмерно скапа заштита од фалсификат.

Кој ќе фалсификува пет евра?

Најголемата заштита и од користење и од фалсификување е всушност посебниот лак со кој банкнотата е премачкана. Затоа таа се чувствува поинаку под прстите и е многу помазна од старата. Тоа ја прави и потешка, но тоа нема да го забележите дури и ако имате цел куп стари и нови „петки“ - разликата по банкнота изнесува само 0,08 грама.

Neue Sicherheitsmerksmale 5-Euro Schein

Новата банкнота од пет евра има повеќе мерки на заштита

Навистина, заштитата од копирање на банкнотата од пет евра е речиси од академска природа: на фалсификаторите досега не им се исплатуваше целиот труд и трошок за најмалите апоени. Воопшто, во светски рамки, лани беа откриени 531 илјада фалсификувани вакви пари во вкупна вредност од околу 26 милиони евра, што е ситница со оглед на вкупниот волумен на пари во оптек. Тоа е дури и помалку во однос на 2011 година, кога беа откриени триесетина милиони фалсификувани банкноти.

Новата банкнота од пет евра е првата која е пуштена во оптек, но ќе помине извесно време додека да дојде и до смената на апоените од 500 евра. Според плановите, дури во 2014 година ќе се појави новата книжна пара од 10, а една година подоцна и од 20 евра. Исто така, не морате да трчате да ги пребарувате џебовите и касичките во потрага по стари банкноти, тие ќе бидат уништувани постапно кога од оптек ќе дојдат во Централната банка на пребројување, но ќе продолжат да вредат.