1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Премиера на „Жената што ги избриша своите солзи“ на Берлинале

Вечерва со почеток во 20 часот светска премиера ќе има македонскиот претставник на Берлиналето - филмот „Жената што ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска.

default

Плакат за филмот „Жената што ги избриша своите солзи“ во Берлин

Со проекција за акредитираните новинари и пресконференција претпладневно својата претпремиера имаше македонскиот филм на Берлиналето во категоријата „Панорама специјал“.

Berlinale Galerie 10.02.2012

Берлинале 2012

„Се’ започна со вистинска случка, кога пред мене падна човек кој се самоуби. Трагичната смрт ме следеше долго...“, кажа на пресконференцијата по презентацијата на филмот за новинарите режисерката и автор на сценариото Теона Стругар Митевска.

Филмот кој стартува со трагичниот настан и скокање од балкон, говори за две жени, една во Париз, другата во Македонија кои силно ги сакаат своите синови единци, за нивната загуба, за силата да изнаоѓаат решенија.

Филмот минатата година беше сниман во Париз и во Македонија, каде како вели Стругар Митевска две години била во потрага по вистинската шума и време од денот кога би снимала. Двете женски носечки улоги ги имаат Викториа Абрил (Хелена) и Лабина Митевска (Ајсун).

Ова е приказна за две различни мајки. Едната, која има потреба самата да се казни по смртта на синот, а другата, која е принудена да го издржи секојдневното казнување за да може да опстане и да ја обезбеди иднината на своето дете. Абрил која ја толкува ролјата на непредвидливата Хелена од Париз, која малку говори, но решително делува, кажа дека по многу мејлови и притисок заминала на

Internationale Filmfestspiele Berlin Der goldene Bär

Посакувана награда - македонскиот филм не е во главната категорија, но, филмската публика ќе има можност да го погледне во „Панорама специјал“

фестивалот во Битола, и место еден ден останала цела недела и се вљубила во Македонија. „Ме потсети на Андалузија, на моето детсво“, вели Абрил која ја има улогата на мајката Хелена, чиј син Ноа се самоубива со скокање од балкон. Таа целата вина за неговата смрт ја припишува на таткото Емил (Жан Мари Галеи), кој потекнува од Македонија и каде заедно патуваат да ја растурат пепелта на Ноа. Луциан (Арбен Бајрактарај) кој „на црно“ престојува во Франција и кој завршил в затвор е врската меѓу Хелена и Ајсун (Лабина Митевска). Ајсун со нејзиното вонбрачно дете (син на Луциан) живее во домот на нејзиниот татко во јуручко село во Македонија, каде се соочува со насилство и почитување на традицијата.

Лабина Митевска која едновремено е и продуцент забележа дека е навистина успех што вака добар актерски тим работеше на филмот и дека тоа беше тешка задача.

Ова е трет игран и втор филм со кој Теона Стругар Митевска се презентира на Берлиналето. На прашањето на Дојче веле: Зошто филмот не е во главната конкуренција? Теона Стругар Митевска со воздишка само кажа: „Сакавме, се обидовме...“. Но, добро е што го има и во „Панорама специјал“ и што вечерва премиерно ќе може да го види фестивалската публика, која во оваа секција е најголем критичар и жири.


Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска