1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Премала помош за гладните

Минаа недели од повикот на ОН до богатите земји за поголема помош за гладните на Рогот на Африка. Во меѓувреме станува јасно дека кризата е далеку поголема од она што се претпоставуваше

default

Едно следување храна на секои две недели. Луѓето во Сомалија гладуваат со месеци и покрај испораката на меѓународна помош. А кризата во меѓувреме се зголемува.

„Во моментов четири милиони Сомалијци се соочуваат со глад, повеќе од 50 проценти од целата популација на земјата“, вели Марк Боуден, координатор на ОН за Сомалија.

Обединетите нации во заливскиот регион во јужна Сомалија прогласија состојба на катастрофа. Во тој предел најпогодени од гладта се шест помали региони.

Притоа, и покрај масовната испорака, помошта тешко пристигнува до погодените. Исламистичката Ал Шабаб милиција го контролира поголемиот дел од југот и им го забранува пристапот на хуманитарните организации. Тука уште треба да се придодаде и најсушната година во последните 17.

Flash-Galerie Hungersnot in Somalia Afrika

„Ова не е краткорочна криза. Се уште ни требаат средства за да ја подобриме нашата работа и да ја одржиме помошта за Сомалијците, на кои таа им е неопходна“, вели Боуден.

Конечно, според проценките на светската организација, без драстично подобрување на помошта, со гладта би можеле да се соочат и Сомалијците на северот на земјата.


 Автор: Моника Грибелер/Борис Георгиевски

Редактор: Симе Недевски

 

Овој прилог можете да го видите и како видео на денот на нашата страница.